„Коронавирусот е само за сиромашни!“: Видеото на оваа блогерка го разбесни светот!

Неодговорно!

Постапката на оваа девојка предизвикала многу реакции во целиот свет

Во овој период, неодговорното однесување може да им наштети на сите. Блогерката Ава Луис го шокирала целиот свет со својата постапка!

Во екот на пандемија на коронавирус, таа објавила видео во кое се гледа како лиже капак од тоалетна шолја во авионски тоалет, со описот: „вака се одржува хигиена на вистински начин“.

За три дена имала повеќе од 400.000 прегледи и многу негативни коментари.

https://twitter.com/realavalouiise/status/1239168103847792642

Речиси сите го осудиле нејзиното однесување.

„Што не е во ред со луѓето? Се’ би направиле за 15 минути слава!“, гласел еден од коментарите.

Ова видео не е единственото нешто со кое Ава го разгневила светот. Нејзината објава на социјалната мрежа Твитер исто така предизвикала лавина од коментари. Таа напишала:

„Од коронавирус ќе се разболат само сиромашните. Тоа е вирус исклучиво за сиромашни луѓе.“

Со оглед на тоа што сите светски медиуми ги пренеле нејзините зборови, како и видео, нејзиниот коментар на прашањето дали се кае поради постапката гласел:

„Секако дека не, сега сум глобална вест. Тоа е одлично.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.