Доктор, експерт за заразни болести: „Еве зошто не се плашам од коронавирусот!“

Молба до сите

„Не плашете се од фактите. Измијте раце. Отворете си го срцето. Нашите деца ќе ви бидат благодарни за тоа“

Прочитајте ја молбата на овој доктор и размислете дали доволно се грижите за вашето и здравјето на вашите блиски…

„Јас сум лекар и експерт за заразни болести. Повеќе од 20 години секојдневно се среќавам со болни луѓе и веќе успеав да работам како во болници во големи градови, така и во најсиромашните делови на Африка. ХИВ, сида, туберкулоза, САРС, дифтерија, голема кашлица, хепатитис… Нема што не сум видел во оваа професија. Но покрај САРС, само неколку болести направиле да се чувствувам ранливо, шокирано или потполно ужаснато.

Не се плашам од коронавирусот. Загрижен сум за последиците од КОВИД-19, кој брзо се прошири ширум планетава и продолжува да погодува се’ повеќе и повеќе земји. Навистина се грижам за повозрасните луѓе, за луѓето со лошо здравје и за сите сиромашни кои страдаат од оваа катастрофи повеќе од другите. Но се’ уште не се плашам од КОВИД-19.

Исплашен сум од загубата на разумот и бранот на страв што го потопи општеството во заслепувачка спирала на паника и ги натера луѓето да натрупуваат големи количини од се’ и сешто.

Се плашам од крадење медицински маски од болниците и клиниките за итни случаи, каде што навистина е неопходно да се заштитат лекарите кои се борат на ’првите линии’, а не да се користат на аеродромите, во супермаркетите и кафулињата… Се плашам дека нашите болници ќе бидат исполнети со сите оние што знаат дека не се болни, но сакаат да проверат за секој случај, додека оние што навистина ги имаат симптомите на болеста не можат да дојдат на ред за преглед.

Но она што најмногу ме плаши е тоа што им го кажуваме на нашите деца кога се соочуваме со закана. Наместо да бараме од нив да се водат според здравиот разум, логиката, алтруизмот, да имаат отворен ум, ние ги туркаме во паника, страв, сомнеж и себичност.

Епидемијата на КОВИД-19 се’ уште не е завршена. Во одреден момент, вирусот ќе дојде во вашиот град, болница, можеби дури и до ваш пријател или член од семејството. Ќе се случи. Подгответе се за тоа за да не ви дојде како изненадување подоцна. Факт е дека овој вирус не е застрашувачки сам по себе, но нашето однесување и желба најпрво да се избориме за себе можат да не’ доведат до катастрофа.

Ве преколнувам, скротете го вашиот страв со помош на умот, паниката со трпение и несигурноста со знаење. Сега сите имаме можност да научиме многу за хигиената и да го спречиме ширењето на многу болести во општеството. Не плашете се од фактите. Измијте раце. Отворете го своето срце. Нашите деца ќе ни бидат благодарни за тоа.“

Автор на текстот: Абду Шаркави

Докторите предупредуваат и за заблудите што кружат за коронавирусот: Никако не смеете да ги послушате овие совети!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.