Јужноафриканската докторка што го открила омикрон-сојот на коронавирус објаснила: Невакцинираните имаат многу посериозни симптоми!

Задолжително прочитајте

Омикрон, новиот сој на коронавирус се шири низ планетата

Кон крајот на ноември се појави во Јужна Африка, а досега е потврден во 110 земји. Поради брзината на ширење, многу земји повторно воведуваат карантин. Како се откриени првите случаи на зараза во Јужна Африка, кои симптоми се разликуваат од онаа на делта-варијантата и што се знае досега, открила доктор Анжелик Коце, претседателка на Јужноафриканското медицинско здружение.

„Тој 18 ноември имав пациент. По анамнезата и симптомите ништо немаше смисла. Кај детла-сојот имаме: губење мирис, кашлица, воспаление на грлото, а овој човек се жалеше само на болки во мускулите, главоболка и умор. Го тестирав и беше позитивен, како и остатокот од неговото семејство. Тој ден видов уште позитивни пациенти и така почна сè.“

Докторката открила и колку пациенти со омикрон има прегледано досега, каква била нивната клиничка слика, дали биле помлади/постари, кои симптоми ги имале..

„Досега имам лекувано 106 пациенти со омикрон. Доминантен симптом беше тој што пациентите отишле на спиење здрави, а во текот на ноќта почнале да чувствуваат жештина и студ, имале ноќно потење. Се разбудиле утредента со главоболка, болка во градите, дури и болки во грбот. Млитавоста што ја чувствуваат не е обичен замор, туку телото е уморно, не се чувствувате добро.

Помал број од нив имаа сува кашлица и болка во грлото, но тоа не е причината зошто отишле на лекар, туку затоа што не се чувствувале добро. Веќе шест недели клиничката слика е иста. На почетокот тоа беа помлади пациенти, но сега најчесто се постари од 30 години, еднакво и мажи и жени.“

Кои се сличностите и разликите помеѓу омикрон и делта-сојот на коронавирус?

„Омикрон доминантно предизвикува мускулно-скелетни симптоми и ако веднаш започнете со терапија, оздравувањето е од три до пет дена. Неверојатно е колку брзо се оздравува со терапија. Невакцинираните имаат многу посериозни симптоми од вакцинираните. Кај делта гледавме повеќе респираторни симптоми. Но кај двата соја, ако симптомите се посериозни, се добива воспаление на белите дробови“, вели доктор Коце.

Омикронот побрзо се шири, па докторката открила и дали успеваат да ги згрижат сите пациенти и дали имаат притисок на здравствениот систем.

„Немаме притисок на здравствениот систем. Успеваме сите да ги згрижиме, на пример, некои болници немаат ниту еден ковид-пациент. Омикрон предизвикува помалку и поблаги симптоми. Дефинитивно има помалку починати, но и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега не е висок.“

Во Јужна Африка вакцинирани се околу 44 отсто од возрасните, а еве кои мерки ги спроведуваат и што е клучно во борбата со омикрон…

„Мора да ги знаете симптомите на омикрон, да реагирате ако не се чувствувате добро и да се тестирате, да одите на доктор, веднаш да почнете со терапија и да мирувате. Мора да продолжите да носите маска и да се вакцинирате. Ако сте под поголем ризик, примете бустер доза. Одбегнувајте метежи, особено за време на празниците. Без забави“, порачува таа.

Научниците предупредуваат: Ова е новиот симптом на сојот омикрон – никогаш не би го поврзале со коронавирус!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.