Овие реченици ги повредуваат рибите, не кажувајте ги пред нив!

Нежни, сензибилни, интуитивни, интровертни, но сепак топли, романтични и креативни – Рибите вистински се посебни.

Но, ако не сакате да ги навредите или налутите Рибите, во нивно друштво треба да ги избегнувате овие 4 реченици:

1. „Премногу си чувствителен/на“

Веќе и птиците на гранките знаат колку се емотивни Рибите. Длабоко во себе ги проживуваат сите емоции, екстремно се емпатични, па ако им кажете да си ги „приберат“ емоциите, тоа е исто како да сте им кажале да не дишат.

2. „Престани толку да се грижиш“

Стравот од непознатото е една од најголемите слабости на Рибите. Не ги сакаат промените и на прва не се снаоѓаат добро во нови ситуации. Во такви моменти ја анализираат секоја ситница, како би избегнале поголеми ризици.

3. „Не ми треба твоја помош“

Ова е навидум безопасна реченица, но со неа може длабоко да ги повредите Рибите. Едноставно сакаат да бидат тука за другите луѓе и затоа немојте да ги оддалечувате од себе.

4. „Спушти се малку на земја“

Ако Рибите нешто наумиле, тоа и ќе го исполнат, колку и да ги уверувате дека главата им е во облаци и соништата им се недостижни. Не пробувајте да ги спуштите на земја, бидејќи од тоа најчесто избива кавга.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More