Научниците предупредуваат: Ова е новиот симптом на сојот омикрон – никогаш не би го поврзале со коронавирус!

Обрнете внимание

Научниците укажале на еден сосема неочекуван, нов симптом на омикрон-сојот на коронавирус

Новата мутација на коронавирусот се рашири низ планетата, па има сè повеќе нови случаи на заразени со сојот омикрон. Според новите сознанија, омикрон е позаразен од делтата (мутација што е доминантна во светот), но се чини дека предизвикува поблага клиничка слика.

Врз основа на собраните податоци од целиот свет, научниците издвоиле пет симптоми што биле воочени кај заболените, а тоа се:

  • течење слуз од носот
  • главоболка
  • умор
  • кивавица
  • воспалено грло

Многу од заразените пријавиле и „мозочна магла“ како симптом, што е термин што го опишува чувството на збунетост, заборавеност и недостиг од фокус и ментална јасност.

Меѓутоа, научниците предупредила и на уште еден крајно неочекуван симптом, што се појавува додека јадете. Станува збор за намален апетит, а до ова сознание дошле научниците врз основа на податоците што ги собрало истражувањето ZOE Covid Symptom, кое го следело влијанието на оваа варијанта врз човечкото тело.

Научниците ги споредиле податоците за симптомите на позитивните случаи забележани во истражувањето ZOE Covid Symptom со податоците од почетокот на октомври, кога делтата беше доминантна. Анализата открила дека само 50 отсто од луѓето ги имале класичните три симптоми на грозница, кашлица и губење на сетилото за мирис или вкус.

А меѓу пријавените „некласични“ симптоми било и губењето на апетитот. Како што нагласуваат научниците, уште пред неколку месеци ова истражување помогнало да се идентификуваат повеќе од 20, најчесто благи симптоми слични на настинка, а губењето на апетитот се издвоил како последниот што е поврзан со сојот омикрон.

Докторите предупредуваат: Ова може да биде новиот симптом на омикрон-сојот на коронавирус – се јавува во текот на ноќта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.