Докторите предупредуваат: Ова може да биде новиот симптом на омикрон-сојот на коронавирус – се јавува во текот на ноќта!

Обрнете внимание

Омикрон-сојот на коронавирус наводно предизвикува еден симптом во текот на ноќта

Сојот омикрон веќе се прошири низ планетата и додека чекаме да дознаеме дали навистина е поопасен и позаразен од делта-сојот, научниците се обидуваат што поголем број случаи да регистрираат на време за да можат да ја следат новонастанатата ситуација.

Сојот омикрон предизвикува поинакви симптоми од делта, според досегашните достапни податоци, а еден од нив се појавува навечер, наведуваат јужноафриканските лекари.

Еден од симптомите е болка, вториот е гребење во грлото, а сега наводно се појавил и трет, кој најчесто се појавува во текот на ноќта, според зборовите на јужноафриканскиот доктор Анбен Пилај.

Докторот Пилај на брифингот на Министерството за здравје во Јужноафриканска Република кажал дека кај одреден број пациенти се појавило ноќно потење.

„Забележаните симптоми кај хоспитализираните пациенти со омикрон-сој се препотување во текот на ноќта, сува кашлица и болки во телото“, рекол тој и додал дека охрабрувачка вест е тоа што вакцинираните пациенти, како и во случај на делта и делта плус сојот, имаат многу полесна клиничка слика од невакцинираните.

Новиот сој на коронавирус ги загрижи научниците ширум светот: Еве што се знае досега за оваа варијанта на вирусот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.