Новиот сој на коронавирус ги загрижи научниците ширум светот: Еве што се знае досега за оваа варијанта на вирусот!

Пандемија

Доктор од Кембриџ открива

Новиот сој на коронавирус, варијацијата B.1.1.529 или „ну“ ги загрижи научниците ширум светот. Светската здравствена организација вчера одржа заседание, каде што „ну“ беше главна тема, а Рави К. Гупта, професор по клиничка микробиологија од универзитетот Кембриџ, напишал на Твитер сериозно предупредување за сите.

„Овој сој загрижува, а тој збор го немам употребено уште од откритието на делта“, напишал професорот Гупта.

Делта сојот имал до 15 мутации на протеинската обвивка, додека „ну“ има повеќе од 30.

„Ве молам, вакцинирајте се, земете и бустер-доза и носете маска, бидејќи мутациите во овој вирус веројатно ќе резултираат со негова способност да ја одбегне неутрализацијата на антителата“, напишал професорот.

Тој на Твитер ги потсетил сите и на еден поразителен факт.

„Ќе ве потсетам, тоа што сега имаме нов сој на коронавирус е директен резултат на неуспехот при контролирањето на инфекцијата. Веројатно настанал кај еден поединец. Ве молам, одиграјте ја вашата улога во ограничувањето на трансмисијата на вирусот“, напишал тој.

Сѐ за новиот сој на коронавирус

Сојот B.1.1.529 ќе го добие името „ну“ и првпат е забележан во Боцвана, но само неколку дена подоцна се проширил и во Хонг Конг! Научниците се загрижени поради рекордниот број на мутации, кои ги има друи 32, а повеќето од нив се поврзани токму со протеинската обвивка.

Професорот Франсоа Балу од Универзитетот во Лондон претходно рекол дека овој сој веројатно настанал кај имунокомпромитиран пациент, кој долго се борел со инфекцијата, не изнесувајќи повеќе детали. Вирологот доктор Том Пикок од Кралскиот колеџ ја нарекол комбинацијата на тие мутации „ужасна“. Научниците се надеваат дека големиот број мутации ќе го направат овој сој генетски нестабилен и така ќе се спречи неговото ширење пред да стане новата делта.

Ако упорно сте негативни на коронавирус, а постојано сте опкружени со заразени: Можеби ѝ припаѓате на оваа ретка група на луѓе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.