На Инстаграм е тип-топ, а во живот не личи на себе: Никој не можел да ја препознае пејачката!

Погледнете

Негативните коментари не допираат до неа

Јасно е дека сите сакаме да изгледаме добро и да се претставиме во најдобро светло. Меѓутоа, велат дека оваа пејачка претерува кога станува збор за обработката на фотографиите и дека не личи на себе без шминка.

Карди Би, покрај Ники Минаж, го држи првото место кога станува збор за женскиот рап. Денес заработува милиони, се оствари во улогата на мајка, ги полни концертните сали и има милион обожаватели ширум светот.

Меѓутоа, сè уште е на мета на негативни коментари, а обожавателите често ја напаѓаат дека изгледа непрепознатливо без шминка.

Но се чини дека тоа нејзе воопшто не ѝ пречи, па им порачува на сите дека мора да се сакаат себеси во сите свои изданија.

Карди не се плаши да објави фотографии на кои не носи шминка, но и на кои не користи филтер и така испраќа силна порака до сите девојки и жени.

„Не ги разбирам негативните коментари. Јас сум од оние јавни личности кои му се покажале на светот во најразлични изданија. Жената не може и не треба во секој момент да изгледа совршено и сосема нормално е да изгледаме подобро со малку шминка“.

Целулит на сите страни, подочници до под и марама на глава: Карди Би фотографирана во непрепознатливо издание!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.