Гламурозни празници: „Адор голд“ им подарува дијамантско ланче на клиентите што ќе одберат накит од нивниот богат асортиман!

Лила и „Адор голд“ - блескави и вечни како дијамантите

За себе и најблиските да го одбереме најдоброто – подароци што се засекогаш!

Нѐ маѓепсаа златниот накит и вонвременскиот блесок на дијамантите и другите скапоцени камења во најновата колекција накит на „Адор голд“.

Златни обетки „Адор голд“, 58.500 ден.

Гламурот, блесокот и цврстината се симболите на дијамантите, а токму таква е и таа – безвременската Лила Филиповска, со која ја раскажавме празничната приказна на „Адор голд“.

САФИРИ И ДИЈАМАНТИ

Сафирот е скапоцен камен, кој е симбол на љубовта и приврзаноста, а во комбинација со вечноста на дијамантот формира прекрасна порака при дарувањето.

СМАРАГДИ И ДИЈАМАНТИ

Скапоцени камења што се непогрешлив пар. Нивната софистицирана комбинација ги освојува сите!

АКВАМАРИН И ДИЈАМАНТИ

Некои подискретни форми со себе носат толку голема доза гламур поради што стануваат крадци на вниманието во секоја пригода.

ДИЈАМАНТИ И РУБИНИ

Вљубете се во играта на светлината и блесоците што ги рефлектираат дијамантите и рубините во накитот.

НЕОДОЛИВИ

Нежни ланчиња со приврзоци украсени со дијаманти и други скапоцени камења: смарагд, рубин, сафир и аквамарин.

БЕЗВРЕМЕНСКА КЛАСИКА

Во „Адор голд“ ќе пронајдете голем избор комплети што ја комбинираат убавината на префинетото бело злато и дијамантите.

ОБЕТКИ

Тие се најзаводливите парчиња накит и украс на лицето, па во прекрасни форми, збогатени со дијаманти и сафири, нека бидат достојни конкуренти на вашата убавина.

ВЕЧНО БЛАГОДАРЕН

За најубавиот дар во животот на една двојка, раѓањето на децата, „Адор голд“ обезбеди идеја за подарок од НЕГО за НЕА, со прекрасна симболика: прстен со аквамарин за раѓање на момченце и со розов топаз за раѓање на девојченце.

МОДЕН МИНИМАЛИЗАМ

„Адор голд“ е местото каде што, покрај традиционалните форми, ќе пронајдете многу други минималистички и модерни парчиња за сите дами со префинет вкус.

ТИ СИ ВИСТИНСКАТА!

Прстенот за запросување е најубавото изненадување, кое е круна и спомен на еден толку специјален момент во животот. Во „Адор голд“ ќе го пронајдете совршениот дијамантски свршенички прстен.

НАЈДОЛГОВЕЧНИОТ ПРСТЕН

Кружниот облик на прстените претставува целовитост, без почеток и крај, но бурмата е оној најпосебниот, кој треба да се носи секогаш и секаде. Нека биде вечна љубовта како што се вечни дијамантите!

ДЕТСКА КОЛЕКЦИЈА СО ДИЈАМАНТИ

Првиот накит за нашите деца е обележје на важни семејни настани и чувар на највредните емоции. Обетки и ланчиња со нивните омилени симболи.

И „АДОР ГОЛД“ ВИ ПОДАРУВА!

Магијата на дарувањето ги обзеде и „Адор голд“, па, така, со избор на накит во вредност од 100.000 ден., „Адор голд“ на своите клиенти им подарува дијамантско ланче.

Посетете го „Адор голд“ во продавниците во ГТЦ и во Старата скопска чаршија, како и на социјалните мрежи.

 

Инстаграм: @ador-gold

Фејсбук: Ador Gold

МОДЕЛ: Лила Филиповска

ФОТО: Дарио Јанковиќ

МОДНА СТИЛИСТКА И ШМИНКА: Лидија Перчинкова

ФРИЗУРА: Даниел Николовски

ОРГАНИЗАЦИЈА: Спасе Јовановски

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе