Иако вешто се кријат, по ова можете да ги препознаете: Сите психопати ги имаат овие 4 заеднички карактеристики!

Без исклучок!

Психопатите не се само масовни убијци и лудаци како на филмовите. Не, тие вешто се кријат меѓу нас, обични луѓе, благодарение на огромната моќ за камуфлажа и манипулација

Некои претпоставуваат дека психопатија се развива како последица на трауматично искуство и изопачено семејство, но невронаучниците со 15 години искуство во истражувањето на мозокот велат дека резултатите не сугерираат такво нешто.

Во текот на еден виртуелен семинар на невронаучникот Ебигејл Марш, таа објаснила дека коренот на болеста на психопатите, често произлегува од развојните фази на мозокот.

„Знаеме дека оваа особина е поврзана со карактеристични абнормалности на мозокот кои почнуваат рано во детството, а потоа напредуваат на некој начин“, појаснила Марш која е и професорка на Универзитетот Џорџтаун.

Според нејзините зборови, психопатијата постои во распон од блага до тешка. Постојат поманипулативни, поризични и поопасни видови на таа состојба. Сепак, Марш вели дека за сите психопати, заеднички се четири карактеристики: немилосрдност, безобѕирност, неспособност да сакаат и нечувствителност на можна штета.

Потполно отсуство на емпатија и сожалување

Прво, психопатите се луѓе кои имаат малку или воопшто немаат сожалување и грижа на совест за другите. Кога некој нивен близок е тажен или исплашен, тие не можат да ги разберат тие емоции, бидејќи не можат да ги почувствуваат самите. Марш додава дека психопатите не чувствуваат грижа на совест дури ни кога им нанесуваат штета на другите, било да е тоа ментално, емоционално или физички.

Психопатите не ја разбираат љубовта како другите

Психопатите исто така имаат проблем со чувствувањето и разбирањето на љубовта.

„Интервјуирав неколку такви луѓе и тие секогаш истакнуваа дека не сакаат никого – ниту семејството, ниту пријателите“, продолжува професорката.

Наместо тоа, психопатите можат да ги гледаат саканите личности како соработници, кои можат да им помогнат, но се под нивно ниво.

Психопатите не се плашат од физички и од емоционални повреди

Оттаму произлегува и објаснувањето за тоа дека психопатите често се склони на екстремни ризици, бидејќи нивниот мозок не ја перципира опасноста на истиот начин како мозокот на нормалните луѓе. Многу често, психопатите ги тестираат границите на издржливоста на некој бизарен начин или го ризикуваат животот во некои екстремни спортови. Исто така, недостигот од емоции им овозможува да не бидат повредени или тажни во ситуации во кои тоа би било очекувано.

Сите психопати имаат проблем со разбирањето на стравот

„Тие не се чувствителни на можноста за штета. Ништо не ги плаши. Проучував девојка која од забава го украла автомобилот на своите родители, се удри во дрво со него и се преврти. Беше потполно безгрижна. Подоцна, полицајците дојдоа во нејзината куќа, а таа мирно седеше на каучот и јадеше чипс“, заклучила Марш.

9 особини на навистина злобните луѓе: Расипани до срж!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.