Додека нејзиниот сопруг тврди дека принцезата има психички проблеми и дека се лекува, Шарлин побегнала со милијардер!

Принцезата Шарлин од Монако

Принцезата Шарлин додека се лекувала се зближила со поранешниот свршеник на Наоми Кембел, рускиот милијардер Владимир Доронин, кој наводно ѝ помага да ја преброди и брачната криза

Принцезата Шарлин моментално се лекува во установа надвор од Монако, а тоа го открил нејзиниот сопруг, принцот Алберт, откако таа повторно ја загрижила јавноста со своето исчезнување.

Само неколку дена откако се вратила од Јужноафриканската Република, каде што поминала 10 месеци, повторно морала да се одвои од сопругот и од нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак, бидејќи била физички и психички исцрпена и сфатила дека ѝ треба помош.

Сега се дознало и кој ѝ дава поддршка во текот на лекувањето, а станува збор за рускиот милијардер Владимир Доронин, кој е познат и како поранешен свршеник на супермоделката Наоми Кембел.

„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат многу време заедно“, рекол анонимен извор.

„Се чини дека во него нашла потпора за време на своите брачни проблеми“, додал изворот.

За проблемите во бракот со принцот Алберт непрестајно се шушкаше за време на нејзиниот престој во Јужноафриканската Република и многумина се сомневаа дека нема повеќе да му се врати, но тој тие гласини упорно и остро ги негираше.

„Ова веројатно ќе го кажам уште неколку пати, но сè е во ред со нашиот брак. Сакам да го разјаснам тоа“, рекол Алберт минатата недела за „Пипл“ и додал дека нејзината моментална состојба е резултат на неколку фактори, кои се приватни.

„Не беше подготвена да се справи со сите обврски и беше видно исцрпена“, нагласил тогаш.

Имено, Шарлин на почетокот на септември била итно примена во Јужноафриканската болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекција.

Но нејзиниот брак со Алберт ја интригирал јавноста и пред наводното бегство во Африка, а познато е и дека се венчала за него во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.

Интересно е и што на неговата венчавка бил Владимир, кој сега се поврзува со принцезата, а во тоа време сè уште бил во врска со Наоми, која му била придружничка и која низ годините се спријателила со кралската двојка.

Инаку, Доронин и Кембел биле во врска пет години, а по таа врска, Наоми се преселила во Москва.

Изгледа дека принцот Алберт (63) ја сместил принцезата Шарлин (43) во некој санаториум: „Ѝ треба одмор!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.