Изгледа дека принцот Алберт (63) ја сместил принцезата Шарлин (43) во некој санаториум: „Ѝ треба одмор!“

Не е во Монако

Принцот Алберт признал дека неговата сопруга, принцезата Шарлин не е во Монако откако само што се вратила од Африка, каде што била 10 месеци

Се шушка дека принцезата Шарлин не е повеќе во Монако, иако само што се вратила од Африка каде што била цели 10 месеци, наводно поради инфекција на синуси.

Принцот Алберт (63) потврдил дека неговата сопруга повеќе не е во Монако и дека се наоѓа на тајна локација, каде што ќе остане додека комплетно закрепне од уморот.

„Подобро ѝ е, но сè уште ѝ треба одмор и мир“, рекол Алберт за едно списание.

„Таа не е во кнежеството, но набрзо ќе можеме да ја посетиме. Не можам ништо повеќе да ви кажам. Постои умор, не само физички, кој може да се лекува со одмор и со надзор“, рекол Алберт Втори.

Принцот додал и дека нивните деца, шестгодишните близнаци Жак и Габриела страдале поради отсуството на мајка им, но дека тој им го надоместил тоа, така што повеќе им се посветил.

„За мене тоа е многу едноставно – мојот приоритет е моето семејство“, рекол тој кога новинарите го прашале како жонглира со државните обврски и со оние околу децата.

„Ова е исклучително важен период во животот на моите деца – начинот на кој растат, го согледуваат светот. Ако едниот родител е отсутен од здравствени причини, другиот родител мора да биде тука. Имам слушано премногу пријатели и познајници како се жалат и зборуваат дека требало да поминат повеќе време со своите деца. Не сакам да се каам поради тоа“, рекол тој.

Принцот Алберт исто така рекол дека не се потресува околу озборувањата дека неговиот брак не е стабилен.

Кнежеството Монако соопштило дека Шарлин нема да присуствува на важниот државен празник во петок.

Инаку, пред да отиде во Јужна Африка, Шарлин со месеци живеела во скромен стан над фабрика за чоколадо, а не покрај својот сопруг во палатата.

Приказните за нејзината лоша психичка состојба започнаа уште од нејзината венчавка со Алберт. Кога во текот на целата церемонија плачела, новинарите ја нарекле: најтажната принцеза на сите времиња.

Најтажната принцеза на светот го откажала приемот по повод Денот на државноста: Ова е причината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.