Најтажната принцеза на светот го откажала приемот по повод Денот на државноста: Ова е причината!

Принцезата Шарлин

Принцезата Шарлин од Монако пред една недела се врати во Монако од Африка, каде што престојуваше повеќе од шест месеци, што дополнително ги поттикна бројните шпекулации дека нејзиниот брак со принц Алберт има проблеми

Иако повеќе пати се обиделе да ги негираат гласините, најтажната принцеза на светот веќе го откажа приемот по повод Денот на државноста на кој требала да присуствува со сопругот, принцот Алберт.

Најавено е дека привремено се повлекува од јавните активности, а како причина наведени се здравствените проблеми.

Само неколку дена по нејзиното враќање во Монако откако поголемиот дел од годината го помина во Јужна Африка, се наведува дека 43-годишната принцеза е уморна.

Таа и нејзиниот сопруг одлучиле дека нејзиното повлекување од претстојните настани е неопходно за нејзиното закрепнување и здравје, наведува палатата.

Со цел да се заштити и приватноста која е неопходна за нејзиното закрепнување, локацијата на принцезата ќе остане строго доверлива.

„Поради оваа ситуација, двојката со тага објавува дека принцезата Шарлин нема да може да присуствува на годинешната прослава на државниот празник заедно со своето семејство и со народот. Штом нејзиното здравје го дозволи тоа, принцезата со задоволство ќе му се врати на извршувањето на своите должности.“

Да се потсетиме, принцезата Шарлин од Монако требаше да го придружува својот сопруг на неговото службено патување во Дубаи, но тоа не се случи. Наместо неа, на 13 ноември во Емиратите отпатува сестра му на Алберт, принцезата Стефани.

Принцезата Шарлин по 9 месеци конечно е дома: Од жената што некогаш била, останало само руина…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.