Како да ја изберете вашата гардероба според формата на вашето тело?

Без разлика на тоа која конфекциска величина сте, можете да ја имате било која од петте форми на телото

Зачекоривме во новата сезона која, како и секоја друга, со себе си носи и нови трендови во светот на модата. Иако е најкраток, ова е најубавиот период од годината, барем што се однесува на модните трендови. Затоа, сега е вистинското време да го пронајдете стилот што најмногу ви одговара.

Секој моден експерт, критичар или стилист ќе се согласи за една работа, а тоа е дека најголемата грешка која жените ја прават во облекувањето е изборот на погрешна облека која не одговара на нивната градба.

Кога станува збор за избор на облеката која ќе биде основа за сите ваши есенски комбинации најдобро е да започнете со тоа што ќе ја одредите формата на вашето тело.

За секој облик на телото постојат некои стилски правила, кои ќе ви помогнат да изберете облека која ќе ги нагласи вашите облини и во која ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.

Притоа  запаметете едно правило, многу поефикасно е да ги истакнете вашите предности отколку да ги криете недостатоците.

Постојат 5 основни форми на телото: триаголник или круша, превртен триаголник, форма на јаболко или кружна форма, правоаголна или Н-форма и форма на песочен часовник.

 

Триаголник (форма на круша)

Ако имате тесни рамена и половина, како и тесен граден кош, а широки колкови, вие припаѓате на една од најчестите форми на телото, а тоа е триаголникот или уште позната како форма на круша.

Како да облечете тело во форма на круша? Вам ви е потребно визуелно да ја издолжите вашата фигура и да го нагласете горниот дел од телото, за да го одвлечете вниманието од колковите, па затоа бирајте блузи со детали кои ќе ги истакнат вашите рамена како пуфкасти или пошироки ракави, карнери, набори и блузи со пошироки јаки.

Бојата на облеката секогаш нека биде посветла на горниот дел. Панталоните кои се прави или проширени на долниот дел и без премногу детали во пределот на колковите, ќе ви помогнат да ги издолжете нозете и намалете колковите. Од фустаните ќе ви одговараат фустани со повеќе детали на горниот дел, со должина до колената и благо струкирани во струкот.

Форма на јаболко или кружна форма

Ако имате градба во облик на јаболко или кружна форма, значи дека имате витки нозе и раце а сте заоблени во горниот дел на телото, во пределот на градите и стомакот.

Вашата цел е да ја издолжите фигурата и да го дефинирате струкот. Кроевите кои ја пратат силуетата нека бидат вашиот прв избор, затоа што создаваат женствена силуета.

Потоа, одберете блузи со поголема должина кои се благо струкирани и паѓаат слободно преку панталоните или сукњата, бидејќи кратките блузи ќе го насочат вниманието кон струкот. Носете џемпер или палто без копчиња, или со максимум едно копче, за да ја нагласите вертикалната линија на телото издолжувајќи го, па ќе изгледате повитки.

На ваквата градба одговараат панталони кои се прави или малку раскроени во долниот дел, бидејќи ваквиот крој ги издолжува нозете и визуелно ве прават послаби. Панталоните со  патент на страната се исто така подобар избор, нема потреба да додавате дополнително материјал на предниот дел.

Форма на превртен триаголник

Облик на телото во форма на превртен триаголник подразбира широки рамена и тесни колкови. Избегнувајте било какви украси на горниот дел и нагласете го долниот дел од телото.

Како да го постигнете тоа?

На долниот дел од телото можете да носите речиси сè, но кога станува збор за горниот дел од телото ќе ви одговараат блузи со што помалку детали на рамената, потоа раскроени туники и фустани со фалти и асиметрични кроеви, сè што ќе ги нагласи вашите колкови.

Од панталоните оние со големи џепови, фалти нека бидат вашиот прв избор, но добро ќе изгледате и во потесни панталони кои ја пратат линијата на телото.

Правоаголна Н-градба

Доколку имате атлетска градба или позната како правоаголна H-градба, вам вие потребно да создадете илузија на песочен часовник. Целта е да го создадете она што го немате, а тоа се облини.

Струкираните модели со колан кои го истакнуваат струкот се правиот избор за вас, како и фустаните кои се шират во долниот дел при што визуелно ќе ги истакнат вашите колкови, правејќи ви облини.

Песочен часовник

Ако имате градба на песочен часовник, имате среќа бидејќи веќе ги имате облините кои сите се обидуваат да ги создадат, барем визуелно. Изразени гради и колкови, а тенка половина. Сепак бирајте ја облеката за да ги нагласите облините што веќе ги имате, без да ги зголемите.

Избегнувајте облека која е сечена во струкот, подобро изберете облека која ги „поврзува“ струкот и колковите, како фустаните. Ќе ви одговараат сите фустани кои ја пратат линијата на телото како и сите фустани кои го нагласуваат струкот. Од блузи и панталони можете да ги носите сите модели кои ја пратат линијата на телото.

Земете во предвид дека без разлика на тоа која конфекциска величина сте, можете да ја имате било која од петте форми на телото, се во зависност од тоа како тежината е распоредена на вашето тело.

Побарајте повеќе модели и совети на linea.mk

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.