Се огласи Сузана Турунџиева по страшната несреќа во Бугарија: Јас и Атиџе сме добро!

Црн ден за Македонија...

Страшна трагедија ја разбуди Македонија утрово, кога македонски автобус изгорел на автопатот „Струма“ во Бугарија. Според досегашните информации, во несреќата загинале најмалку 45 луѓе, од кои повеќето млади лица.

Автобусот се враќал најверојатно од викенд-екскурзија во Истанбул, а според пишувањата на домашните и бугарските медиуми, автобусот целосно изгорел.

На социјалните мрежи утрово се огласи и водителакта Сузана Турунџиева, бидејќи изминативе неколку дена заедно со Атиџе Муратова престојуваа во турската престолнина, па поради тоа многу нивни пријатели беа загрижени за нив.

Нејзиниот фејсбук-статус го пренесуваме во целост:

– Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ВИ БЛАГОДАРИМЕ за грижата. Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови – стои во нејзината објава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.