Докторите предупредуваат: По прележан ковид, многумина доживуваат акутен инфаркт на миокардот – ова се симптомите!

Постковид

Докторите откриваат сè за срцевите компликации што настануваат по прележувањето коронавирус

На почетокот од пандемијата на коронавирус, се мислеше дека вирусот ги напаѓа само белите дробови. Меѓутоа, искуството покажа дека ги напаѓа сите органи, како и дека проблемите со срцето се најчестата компликација што настанува по прележан ковид.

Докторите откриваат нешто повеќе за ова…

„По епидемијата во Вухан, може да се изведат некои заклучоци. Одреден број здравствени работници починале по прележан коронавирус, а причината била акутен инфаркт на миокардот, односно воспаление на срцевиот мускул. Кога зборуваме за миокардитис, тој може да се дијагностицира со магнентна резонанца и ултразвук, па така би морале да се фокусираме на анализата на сите тие пациенти за да може да се изведе заклучок. Точно е дека дури и помладите пациенти кога прават кардиолошки преглед наведуваат дека полесно се заморуваат, дека чувствуваат аритмија. Тоа се знаци што треба да се следат и кои укажуваат на тоа дека нешто се случува со срцето.“

Докторите нагласуваат и дека на сите луѓе со проблеми со срцето им се препорачува да се вакцинираат против коронавирусот.

„Препорачуваме вакцинација, особено на пациентите што боледуваат од кардиоваскуларни болести. Ние сега сме во центарот на епидемијата, мора да ја навикнеме општата популација на овој вирус, а за да го постигнеме тоа, мора да се вакцинираме. Покрај за пандемијата на коронавирус, мора да бидеме свесни дека постои и повеќедецениска епидемија на кардиоваскуларни болести. Па така, пациентите што имаат болести на крвните садови или срцето, не се соочуваат само со својот основен проблем, туку и со коронавирус.“

Ако упорно сте негативни на коронавирус, а постојано сте опкружени со заразени: Можеби ѝ припаѓате на оваа ретка група на луѓе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.