9 особини на навистина злобните луѓе: Расипани до срж!

Непоправливи!

Дали препознавате некого во овие карактеристики?

Германски и дански научници претставиле концепт на „заеднички фактори за развој на мрачна личност“. По истражувањето откриле дали навистина постојат луѓе чија срж, свест, душа е едноставно злобна.

Ова истражување е воедно и првиот концепт што овозможил да се открие колку некој навистина е злобен длабоко во душата.

Научниците откриле кои 9 особини формираат мрачна личност, која го карактеризира навистина злобниот човек, расипан до срж…

Егоизам

Претеран ентузијазам за работите или активностите што носат задоволство или предност, а притоа им штетат на другите луѓе или на целото општество.

Макијавелизам

Склоност кон манипулација на други луѓе, немилосрдност и ум кој постојано смислува стратегии и калкулации.

Отсуство на морал

Предиспозиција за неетичко размислување, кое се изразува преку уверувањата и делата, отфрлање на класичната моралност и нејзините ограничувања.

Нарцисоидност

Главниот мотив на еден нарцис е да го нахрани своето его, по секоја цена.

Психолошка исклучивост

Опсесивна состојба во која човек верува дека заслужува подобро и повеќе од сите други луѓе.

Психопатија

Недостиг на симпатија и емпатија, како и суровост, сето тоа во комбинација со импулсивност, односно недостиг на самоконтрола.

Садизам

Садист е човек што обожава да ги понижува другите, но покажува и голема тенденција да се однесува сурово кон луѓето. Искажува физичко, психичко и сексуално насилство кон другите за да ја демонстрира својата моќ и контрола над жртвите или едноставно за да се забавува.

Опседнатост со себе

Опсесија која станува сѐ пострашна со парите, статусот, признанијата, дипломите и позицијата.

Одмаздољубивост

Желба да им наштетат на другите луѓе поради реални или замислени навреди. Смислуваат најразлични одмазди, од општествени и финансиски, до емоционални и физички.

Дали препознавте некого во овие особини?

6 знаци на злобна душа: Овие луѓе се хранат со туѓата несреќа и живеат за да лажат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.