Жените постари од 45 години не треба да се облекуваат вака: Во оваа облека ќе изгледате смешно и дегутантно колку и да сте згодни!

Нагласете ги другите адути

Некои знаци на стареење едноставно не може да се скријат

Кога станува збор за модата, предноста на жените постари од 45 години е тоа што нивниот стил веќе е формиран, туѓото мислење повеќе не им е толку важно, а дамите се сигурни во себе и знаат како да ги носат парчињата што добро им стојат.

Сепак, дури и на најдобрите им се случува да ги направат следниве грешки поради кои изгледаат смешно, а понекогаш и вулгарно!

Светла шминка

Употребата на декоративна козметика во премногу светли нијанси може да изгледа бунтовно и атрактивно, но по 45-та година, најдобро е да се свртите кон природноста. Мирните нијанси на ладните и топлите бои дискретно ќе ги нагласат најубавите црти на вашето лице.

Внимателно користете ги производите со светки, како што се светкавите сенки. Средината на 40-те години е време кога треба да заборавите на производите за самопотемнување, како и на исцртувањето со моливче надвор од контурите на усните.

Животински дезен

На оваа возрасна доба, обичните ткаенини во боја изгледаат најдобро. Дезените на диви животни треба да ги дозирате внимателно. Ако не сакате да се откажете од овој популарен дезен, комбинирајте го со умерени, едноставни парчиња.

Облека со погрешна величина

Хармонијата и балансот се најважните правила. Вреќестите модели нема да ви помогнат да ги сокриете недостатоците, напротив, дополнително ќе ги нагласат. За вас не е најважно да ги следите трендовите, туку да го носите она што вам добро ви стои, а сигурно има многу такви парчиња.

Мини-здолниште и предлабоко деколте

Годините прво се познаваат на рацете, колената и вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до пети, но секако дека е време да заборавите на мини-здолништата и дегутантно длабокото деколте. Што се однесува до должината на здолништата и фустаните, најдобар избор се миди-моделите или оние малку над колена, како и три-четвртастите ракави.

Нов начин на комбинирање

Ако имате повеќе од 45 години, тоа не значи дека треба да ја фрлите целата гардероба. Само треба поинаку да ја комбинирате. На пример, отсега носете ги фармерките со лелеава кошула наместо со тесна маица вовлечена во панталоните…

Хит модел на сандали за 2021: Шик, моќен, елегантен и удобен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.