6 витамини кои се опасни за земање без рецепт

Денес витамините се сметаат за универзален лек за превенција од скоро секоја болест, а совети за нивната употреба може да се најдат на секој Интернет портал посветен на здравјето и убавината.

Витамин Ц

Витаминот Ц е витамин растворлив во вода, така што вишокот обично се излачува преку урината, а не се таложи во организмот. Го има во скоро сите растителни производи – особено во агруми, пиперки и брокула.

Витаминот Ц го забрзува растот и обновувањето на ткивата, влијае на имунолошкиот систем, ја стимулира синтезата на колаген, учествува во производството на серотонин (природен антидепресив), а исто така покажува и антиоксидантни својства.

ФОТО: Pixabay

 

Кај некои луѓе, високи дози на витамин Ц можат да предизвикаат симптоми како што се дијареја, гадење, гастритис, замор, топли бранови, главоболки и несоница и не треба да се земаат без претходна консултација со лекар. Луѓето со хронично заболување на црниот дроб или бубрезите и гихт не треба да земаат големи дози на витамин Ц.

Витамин А и бета-каротен (провитамин А)

Витаминот А е моќен антиоксиданс, неопходен за добар вид. Учествува во формирање и одржување на здрави коски, заби, кожа. Го има во производи од животинско потекло, како што се јајца, месо и млечни производи. Извори на бета-каротен: портокалово и жолто овошје и зеленчук, темно зелен лиснат зеленчук.

Ослободете се од желбата за слатки во осум чекори

Неконтролираната употреба на витамин А во големи дози е опасна за бремени жени, особено во раните фази, бидејќи е поврзана со зголемен ризик од фетални малформации. Се покажа дека постои ризик од фрактура со долготрајна употреба на големи дози на витамин А.

И покрај неговите антиоксидантни својства, долгорочното консумирање на големи количини на витамин А, бета-каротен и витамин Е е поврзано со зголемен ризик од карцином на белите дробови кај пушачите, како што покажаа две големи студии, во кои учествуваа 29.000 и 18.000 луѓе.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.