Задолжително посадете ги овие три цвета во април: Раскошно ќе цутат до октомври!

Миризливи и прекрасни билки

Не им треба посебна нега, само умерено полевање

Наскоро конечно ќе ни пристигне убаво и топло време, па време е по ладната зимска пауза да му се вратиме на градинарството!

За да ви биде градината цветна и шарена сè до есента, ви препорачуваме да ги насадите овие три билки. Цутат раскошно и долго, не изискуваат претерана нега, а април е вистинското време за нивно посадување.

Ден и ноќ

Ден и ноќ често се сади во текот на есента, но и април е погоден за садење на оваа прекрасна билка. Ден и ноќ спаѓа во семејството темјанушки, па често ја викаат и полска темјанушка. Цветовите најчесто се големи со виолетова боја, со нијанси на бела или жолта.

Може да биде едногодишно или двегодишно растение, во зависност од тоа кога е посадено. Најлесно се размножува со семе, а можете да ја насадите или во саксија или во дворска земја. Доколку се определите за саксиска варијанта, треба да ја наполните саксијата до две третини со земја, а потоа во неа да спуштите 5 семки и да ги покриете со земја.

Цинија


Цинијата потсетува на хризантема, има цврсто стебленце и може да се најде во различни бои. Оваа билка се одгледува на отворено и ѝ одговара многу светлина. Пожелно е да ја засадите на место заштитено од ветер, во хранливо и умерено влажно земјиште.

Напролет се сади семето во градина или во саксии, а подоцна пожелно е да се расади. Земјиштето редовно се полева и веќе за 6 до 8 недели, младите билки ќе почнат да цутат.

Кадифа

Кадифата се сее рано напролет и отпорна е на сите временски услови. Кога билката ќе порасне на 7-10 см, би требало да ја расадите на постојано место, каде што ќе остане цело лето. Растојанието помеѓу билките треба да биде околу 25 см.

Во текот на растењето треба редовно да ја полевате и ѓубрете. Може да биде со различна висина, но најчесто достигнува висина од околу 20 сантиметри.

Прецветаните цветови би требало редовно да ги отстранувате. Кадифата е едногодишна билка, но можете да го сочувате нејзиното семе за следна година.

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.