Ослободете се од желбата за слатки во осум чекори

Го знаете тоа чувство кога ќе дадете сè за коцка чоколадо или нешто слатко? Тој момент доаѓа кај секој од нас …

Но, кога станува збор за желбата за слатки, позадината на проблемот може да биде хормонален дисбаланс, алергии на храна, инфекции и слично. И додека некои успеваат да ги контролираат своите желби, за други тоа не е толку едноставно. Како да си помогнете?

Еве неколку совети.

И пред да се насмевнете и продолжите понатаму, добро размислете дали навистина сакате да започнете да ја контролирате вашата желба за слатки. Овие чекори на почетокот изгледаат банални и едноставни, но ако одлучите да ги следите, тие исто така би можеле да ви помогнат!

Јадете само малку од тоа што копнеете

Јадете само малку слатко бидејќи на тој начин ќе ја задоволите желбата.

Пијте вода!

Дехидрацијата често ја заменуваме со желба за слатки. Ако ви е досадно од вода, пијте вода со лимон или зелен чај.

Комбинирајте храна

Ако не можете да се откажете од слатките, комбинирајте ги слатките со некои здрави намирници. На пример, комбинирајте овошје и чоколадо и ќе ја задоволите потребата за слатки.

Целосна елиминација на шеќер

Ако одлучите за опцијата за целосно исфрлање на шеќерот од вашата исхрана, првите 72 часа ќе бидат најтешки. Но, после тоа полека ќе имате навика да не јадете слатки. Додека за некои ваков начин одговара, за други воопшто. Затоа, пробајте, но не чувствувајте се лошо ако не успеете.

Гума за џвакање

Некои нутриционисти препорачуваат и гуми за џвакање, а истражувањата покажуваат дека џвакањето ја намалува желбата за слатки.

Овошјето нека ви биде сојузник

Секогаш имајте малку овошје во близина. Кога сакате да јадете слатки, јадете овошје. На овој начин јадете растителни влакна, но и природни шеќери.

Станете и одете

Кога имате желба за слатки, станете и одете. Само одете или трчајте, движете се физички за да ги пренасочите мислите.

Фокусирајте се на добро друштво

Честопати нездравата храна е во нашиот фокус, без разлика дали се одмараме дома или одиме некаде. Но, обидете се да ги насочите вашите мисли од храната на доброто друштво во кое сте или на некоја интересна активност.

Што друго можете да направите?

  • Избегнувајте вештачки засладувачи
  • Јадете повеќе протеини
  • Избегнувајте стрес
  • Спијте добро

Што велат експертите?

„Постои можност желбата за слатки да се појави затоа што во организмот ни недостасува цинк или селен. Ако го имате овој проблем, треба да побарате медицинска помош. Но, ако ова не е проблемот, потребно е да се промени начинот на размислување. Брусниците се добар извор на природни шеќери“, советува нутриционистот Палави Јасал.

Недостаток на протеини, витамин Б 12, дехидрираност и слаба циркулација поради премалку вежби може да бидат причини за желби за слатки. Внесете храна богата со протеини и витамин Б 12 во вашата исхрана, како што се зелен зеленчук, прокељ, јаткасти плодови и семиња. Пијте вода и вежбајте дишење за да помогнете во стресот. Бидете сигурни да изберете сезонско овошје што помага при желба за слатки. Внесете урми, смокви и кајсии во вашата исхрана и избегнувајте чоколадо и колачи.

Прочитајте и: Вода која ги симнува килограмите, го освежува телото и го забрзува метаболизмот (РЕЦЕПТ)

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.