Сауната како терапија против ковид-19

Повеќето вируси се осетливи на топлина и се уништуваат на температури кои се подносливи за луѓето. Сите цицачи со помош на имуниот одговор „треска” се справуваат со инфекциите, а загревањето со помош на топли извори, сауни, хамами, парни бањи, топли инхалации, топла кал и др. се користеле низ човековата историја за спречување и лекување на респираторни инфекции и зајакнување на човековото здравје и благосотојба.

Кога сончевата светлина е ограничена и воздухот е ладен и сув, носната празнина станува најстудениот дел од телото и ако дишните патишта се исушат,  мукозата станува подебела и потешко се чисти, а условите стануваат поповолни за пенетрација на вирусот и негова репликација. Текстот продолжува по огласот…

Доколку респираторните вируси ја поминат првата линија на одбрана, температурата и треската се дел од одговорот на нашиот имунитет во акутната фаза, што ја формира втората линија на одбрана на имуниот систем.

Постојат повеќе докази за употребата на топлина и влажност за третман во респираторни инфекции.

Историски и нови докази покажуваат дека редовното користење сауна ги подобрува кардиоваскуларната, респираторната и имунолошката функција, како и расположението и квалитетот на животот.

Се покажа дека користењето на финска сауна, кое вклучува кратко изложување на висока температура (80°C – 100°C), го намалува ризикот од смртност од повеќе причини, ненадејна срцева смрт, кардиоваскуларни болести и васкуларни болести, како што се висок крвен притисок и мозочен удар, заедно со ризикот од невроконгенитивни болести, кожни болести и ревматски заболувања и главоболка.

Други испитувања сугерираат дека со топол навлажнет воздух може се третираат респираторни инфекции  над 43°C за 20-30 минути, за да се намали вирусното размножување, и да се обезбеди веднаш олеснување на симптомите и да се подобри текот на настинката.

Освен во респираторните инфекции, користењето на сауна има и придобивки во детоксификацијата на целиот организам, преку процесот на потење трајно се исфрлаат одредени токсини од организмот.

Исто така, доколку по жешка сауна телото го изложиме на краток шок со ладна кофа, или влеземе во замрзната соба, настанува вазоконстрикција на крвните садови на периферниот систем, а со тоа враќање на крвта во внатрешните органи, што доведува до диуреза, која дополнително го детоксифицира нашиот организам.

Во последниве години  се популаризираа и инфрацрвените сауни, кои се користат како алтернатива на традиционалните фински сауни. Овие сауни користат инфрацрвени емитери без вода или додадена влажност и генерално работат на пониски температури од финските сауни.

Употребата на инфрацрвените сауни за лекување на вирусна инфекција се’ уште не е докажано, но докажано е дека зрачењето со инфрацрвени зраци ги деактивира едноверижните РНК-вируси.

Инфрацрвените сауни ја зголемуваат телесната температура, што значи даваат поддршка на одбраната на домаќинот во борбата против многу штетни организми. Инфрасауните заедно со другите технологии засновани на топлина, може да се покажат корисни во лекување на пациенти со ковид-19.

Пандемијата ги затвори хотелите и другите јавни спа-центри како превенција од ширење на заразата, но затоа отвори можност луѓето да пројават интерес и да поседуваат вакво задоволство во своите домови, следејќи ги трендовите на земјите, како Финска, приватните сауни станаа голем тренд и во нашата земја.

Доколку сакате да инсталирате финска-сауна во својот дом, обратете се во Trend Line на телефонскиот број + 389 70 542 548

Медицинските факти во текстот се извадени од научна студија публикувана на NCBI и може целосно да ја прочитате на:  www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/
US National Library of Medicine

National Institutes of Health

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.