Ги открил интимните семејни тајни во јавност, па ги шокирал обожавателите: Со оглед на тоа што сè преживеал, добро е што останал нормален!

Неверојатно

Неговата биографија е една од најпродаваните книги во последните десет години

Холивудската ѕвезда и женскиот миленик, актерот Метју Меконахи, станал автор на бестселер, кога ја објавил својата биографија Greenlights.

Ја напишал за време на 52-дневна изолација во пустина во Тексас, а во неа, помеѓу другото, проговорил и за своето тешко детство кое било одбележано од турбулентниот и честопати насилен однос на неговите родители.

Меконахи е роден во 1969 година во тексашкиот град Увалдеу. Неговата мајка Мери Кетлин била писателка и учителка, а татко му Џим бил локален нафтен бизнисмен, кој за малку професионално ќе се занимавал со американски фудбал по завршувањето средно училиште.

„Јас сум најмалиот од тројцата браќа и син сум на родители кои два пати се имаат разведено и три пати се имаат венчано еден со друг“, напишал актерот.

Открил и дека татко му починал во 1992 година од инфаркт додека водел љубов со мајка му.

И додека во биографијата неколку пати нагласил дека многу ги сакал и двајцата, признал и дека му било тешко да расте во нездрава средина. Бурната врска на неговите родители ја доловил во својата биографија преку неколку примери.

Се сетил на една вечер кога имал само пет години и кога татко му на вечерата побарал уште една порција компири.

„Сигурен си дека сакаш уште, дебел?“, го прашала тогаш мајка му и продолжила да му се потсмева поради килограмите.

Метју и неговите браќа знаеле дека се спрема нешто лошо.

„Тато ја преврти масата, стана и тргна кон мама, а таа веднаш отрча да вика полиција“, напишал Метју.

Потоа, работите станале уште полоши, бидејќи татко му ја приклештил мајка му на ѕид, а таа го удирала по лице со телефонската слушалка и му го скршила носот.

Потоа, ја опишал нивната борба во која таа во раката држела нож, а тој шише кечап. На крајот, и двајцата биле покриени со кечап и крв, додека Метју се криел со браќата зад креветот.

„Паднаа на колена на кујнскиот под кој беше покриен со кечап и крв… И почнаа да водат љубов“, се присетил актерот во биографијата.

„Така се сакаа моите родители“, заклучил тој.

Инаку, Greenlights моментално е една од најпродаваните книги оваа деценија, на што актерот не се ни надевал кога ја објавил.

Оскаровецот Метју Меконахи се впушта во нови професионални води претстојната есен
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.