Зошто магнезиумот е важен, каде го има најмногу и дали можеме без него?

За подобро здравје

Магнезиумот е многу важен минерал за здравјето на луѓето. Како четврти најобилен минерал во човечкото тело, тој е од суштинско значење за здрави коски, срце, мускули и нерви.

Покрај тоа, му помага на телото да ја контролира енергијата, шеќерот во крвта, крвниот притисок и многу други процеси. Откриено за што точно е потребен магнезиумот, која е препорачаната дневна доза, и што се случува кога имаме недостаток на магнезиум во организмот.

Колку магнезиум треба да внесеме во текот на денот?

Постојат два вида основни минерали што му се потребни на човечкото тело: макро и минерали во трагови. Магнезиумот е еден од седумте макроелементи, што значи дека ни треба релативно голема количина секој ден за да останеме здрави.

Количината на магнезиум што ви треба во текот на денот зависи од вашата возраст и, кај  возрасните, од полот. Според Националниот здравствен институт, оваа количина магнезиум треба да се внесува секој ден:

  • од раѓање до 6 месеци (30 мг)
  • 7 до 12 месеци (75 мг)
  • 1 до 3 години (80 мг)
  • 4 до 8 години (130 мг)
  • од 9 до 13 години (240 мг)
  • од 14 до 18 години (410 мг за момчиња и 360 мг за девојчиња)
  • над 18 години (400 – 420 мг за мажи и 310 – 320 мг за жени)
  • бремени жени (350 – 400 мг во зависност од возраста)
  • доилки (310 – 360 мг во зависност од возраста)

Кои намирници се богати со магнезиум?

Може да биде тешко да се утврди количината на магнезиумот што се наоѓа во храната бидејќи Управата за храна и лекови (ФДА) не бара магнезиумот да биде наведен на етикетата, освен ако овој минерал не е додаден на одреден производ и се бара потрошувачите да бидат известени. Ако се храните здраво или држите диета, како што е медитеранската диета, веројатно дневно консумирате доволно магнезиум. Ако јадете 30 гр ореви, внесувате доволно магнезиум за еден ден.

Прочитајте и: За подобро здравје: Намирници кои го зајакнуваат имунитетот

Што прави магнезиумот?

Околу 60% од магнезиумот е присутен во нашите коски и заби. Токму од овие причини, магнезиумот игра важна улога во одржувањето на здравјето на коските и забите, а недостатокот на овој минерал може да доведе до остеопороза и пародонтална болест. Останатите 40% од магнезиумот се наоѓаат во клетките на меките ткива кои се наоѓаат низ целото тело. Во овие клетки, магнезиумот ги врзува клучните молекули: протеини, нуклеински киселини и липиди. Оваа обврзувачка акција е она што ги прави молекулите способни да ја извршат својата работа, како што се создавање протеини, репликација и поправка на ДНК. Од овие причини, недостаток на магнезиум го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, хипертензија, кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар.

Знаци дека на вашето тело му недостасува магнезиум

Раните знаци дека на вашето тело му недостасува магнезиум се: грчеви во мускулите, гадење, повраќање, губење на апетит, замор и слабост.

Неодстатокот на магнезиум во голема количина е редок затоа што е присутен во мноштво храна, но не е невозможен. Здравите луѓе не спаѓаат во ризичната група кога станува збор за сериозен недостаток на магнезиум. Постојат посебни здравствени состојби што можат да бидат причина за недостаток на овој минерал. Кај луѓето кои страдаат од заболување на гастроинтестиналниот тракт, дијабетес тип 2, хроничен алкохолизам, како и кај постари лица, може да има сериозен недостаток на магнезиум во организмот.

Еве зошто докторите велат сега да земаме што повеќе витамин Ц: Ги отстранува патогените, но само ако се користи вака!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.