ТЕСТ: Дали за 10 години ќе бидете богати или сиромашни?

Одговорете искрено!

Овој тест може да ви помогне да одговорите на ова прашање и – ако е потребно – да ја смените својата финансиска иднина.

Замислете дека држите кристална топка и дека имате можност да видите како ќе изгледате за десет години. Како би сакале да ви изгледа животот? Како и да се замисливте на таа слика, важно е секогаш да имате на ум дека она што го гледате во иднина е директна последица на сегашните активности.

Доколку искрено одговорите на прашањата што ви ги подготвивме, ќе бидете на добар пат уште сега да дознаете дали во 2030 година ќе поседувате сопствен дом и сигурност или ќе бидете соочени со куп неплатени сметки. Одговорите не се очигледни, па доколку сакате навреме да ја формирате својата иднина – корисно е да размислите за нив.

1. Кога сте во можност да избирате помеѓу плаќање во готовина или со кредитна картичка, вие…

а. … секогаш плаќате со готовина .

б. … користите кредит и само кредит.

в. … ја избирате кредитната картичка со која освојувате дополнителни поени, попусти и слично.

Факти: Луѓето што плаќаат со готовина трошат и до 20% помалку пари од оние што плаќаат со кредитна картичка. Со употреба на кредитна картичка со дополнителни бонуси трошите најмногу пари, бидејќи создавате привидност дека штедите купувајќи, што ѝ дава дополнителни импулси на вашата потрошувачка.

Значи, плаќање со готовина и за десет години ќе заштедите значителна сума пари.

2. Пред годишниот одмор, вие…

а. … се одлучувате дека годинава ќе го прескокнете летувањето, бидејќи имате позначајни приоритети.

б. … ги анализирате сите трошоци што ве очекуваат во следниот период и правите план како да ги вклопите желбите и можностите.

в. … размислувате само за тоа да дојдете до плажа, без разлика на околностите.

Факти: Импулсивната потрошувачка доведува до тоа да донесуваме и нерационални одлуки, кои не се во согласност со нашите можности. Неколку такви одлуки можат значително да ја разнишаат нашата финансиска рамнотежа на подолги патеки.

3. Кога разговаравте за сегашната ваша работа, каква беше вашата тактика?

а. Веднаш преговаравте за платата.

б. Почекавте да помине одредено време за да се докажете, а потоа побаравте зголемување на платата.

в. Го зедовте она што ви беше понудено.

Факти: Пропустот да разговарате за висината на примањата во почеток на кариерата може да ве чини многу во следниот период.

Според истражувањата на еден американски институт, факултетски образованите мажи имаат значително повисоки почетни примања од своите колешки, и тоа благодарение на подобрите преговарачки способности за време на интервјуата за работа.

Кога на таа разлика во платата ќе ги додадете и каматите, кои би ги добиле кога тие пари би ги ставиле на штедна книшка, ќе сфатите дека загубата е огромна. Затоа немојте да сте скромни таму каде што тоа не се очекува.

4. Што од наведеното најдобро го опишува односот на вашите родители кон парите?

а. Обично се согласуваа кога стануваше збор за финансии.

б. Понекогаш се расправаа, но зар не го прават тоа сите двојки?

в. Константно се расправаа.

Факти: Доколку сте растеле во опкружување во кое расправиите околу финансиите биле чести, изложени сте на трипати поголем ризик да натрупате кредитни обврски во иднина од оние што не биле изложени на тој вид стрес.

Ова го покажа една универзитетска студија. Нејзиниот заклучок е дека лицата што растеле во семејства во кои имало расправии за финансиите избегнуваат да побараат финансиска помош. Не дозволувајте тоа да ви се случи и вам.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.