4 одлични трикови за визуелно издолжување на нозете

Корисни совети

Ако сакате вашите нозе да изгледаат подолго или природно да ги истакнете вашите долги нозе уште повеќе, користете ги следниве трикови.

Избегнувајте чевли со ремче околу глуждот

Не се сомневаме дека тие совршено се вклопуваат со тесно здолниште и се пријатни и стабилни, но ременчињата визуелно ги скратуваат нозете, правејќи ги да изгледаат пократки отколку што се навистина.

Придржувајте се кон високи потпетици во боја на кожата, како и оние со платформи, кои ќе ги истакнат глуждовите и должината на нозете. Колку се поблизу чевлите до бојата на вашата кожа, толку подолги ќе делуваат вашите нозе.

Носете пантолони и чевли со иста боја

Носењето панталони и чевли со иста боја визуелно ќе ги издолжат нозете, бидејќи границата помеѓу пантолоните и чевлите нема да биде толку видлива.

Прочитајте и: Мантил: Парче облека кое мора да го имате оваа пролет

Кратки здолништа и пантолони со висок струк

Кратките работи се најдобри пријатели на визуелно продолжување на нозете. Затоа, треба често да носите мини здолништа и шорцеви, само бидете сигурни дека должината не изгледа невкусно.

На сечија женска фигура, кога станува збор за должината на нозете, добро ѝ прилега висок струк. Покрај тоа, потенцирајте ја тенкоста и должината на нозете со подуени, балон здолништа или здолништа во слоеви и избегнувајте припиени модели.

Чевли со шпиц

Чевлите со шпиц визуелно ги продолжуваат нозете, но и ги комплетираат стапалата, па време е конечно да купиме ваков квалитетен пар чевли.

Сите нијанси на сино: Кошулата што е во тренд оваа пролет (ФОТО)

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.