Вака се лекуваат Русите и ден денес: Компирот го лекува цело тело, но само ако се консумира на овој начин!

Неверојатен лек

Компирот е една од најзастапените намирници во домаќинствата ширум светот

Освен што е многу вкусен и може да се приготвува на различни начини, компирот може да послужи и како лек. Компирот поседува многу лековити својства.

Народни лекови со компир од минатото

Компирот е познат лек за срце и за крвоток. Руските народни рецепти препорачуваат сите повозрасни луѓе од 40 години секое утро пред појадок да изрендаат еден средно голем сиров компир и да го изедат за да спречат артеросклероза.

Еден стар лек против тенија препорачува навечер да се јаде компир-салата со масло од ореви три дена по ред.

Во Русија во минатото се резбале чепчиња од свежи компири и се ставале во анусот како брз лек против хемороиди.

Свежиот сок од компири и врелата компирова вода се ставале на болните делови од телото, во случај на гихт, реума и лумбаго.

За покачен крвен притисок, сварете кора од 4-5 компири 15 минути во 600 мл вода. Секој ден пијте 1-2 шолји исцедена и разладена течност.

Внатрешна лековита употреба на компирот

Со оглед на тоа што речиси воопшто не содржи маснотии, одличен извор на енергија е за оние што сакаат да ослабат. Сепак, во народните лекови најмногу се користи сок од сиров компир и тоа традиционално за дигестивни проблеми: диспепсија, колика, гастритис, чирови на дигестивните органи, болести на црниот дроб, жолчни камчиња и запек и како антацид.

Понови истражувања покажуваат дека компирот содржи некои состојки кои се можеби делотворни против вируси и рак. Кората има антиоксидантни својства, ги неутрализира разорните слободни радикали кои се поврзани со цела низа дегенеративни болести, па затоа и го забавува процесот на стареење.

Надворешна употреба на компирот

Сокот од сировиот компир ги смирува воспаленијата и го забрзува заздравувањето на кожните инфекции, хроничен дерматитис, рани и чирови. Изренданиот компир помешан со маслиново масло успешно се користи за лекување изгореници, изгореници од сончање, испукана кожа и отечени очни капаци. Кората од сиров компир е добра облога за рани и гребаници, а кога ќе се стави на слепоочниците, и за главоболки и мигрени.

Дали знаете како компирите влијаат на вашето здравје ако ги јадете често?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.