Овде можете да пресметате колку сон изгубивте откако станавте родител

Наспијте се додека можете, е една од изреките што најчесто ги слушаат идните мајки. Имено, кога ќе станете родител, мирен и непречен сон станува мит. Истражувањата покажуваат дека родителите на малите бебиња спијат помалку од пет часа ноќе, односно губат 50 вечери на спиење во првите 12 месеци од животот на детето.

Ако се прашувате колку сон навистина изгубивте од кога станавте родител, сега можете да дознаете со користење на калкулатор преку Интернет.

Само внесете ја возраста на детето (или децата) и тој за неколку секунди ќе пресмета колку часа, денови и месеци од сон сте изгубиле од пристигнувањето на новороденчето во вашето семејство. Но, ќе откриете и колку пелени сте смениле за тоа време, колку приказни за добра ноќ сте раскажале и колку приспивни песни сте испеале.

Калкулаторот можете да го најдете овде.

Прочитајте и: Поради хормоните во телото, бремените жени имаат сосема различни соништа и кошмари

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.