Дали знаете како компирите влијаат на вашето здравје ако ги јадете често?

Здрава исхрана

Компирите се најмногу консумиран зеленчук во САД, но честопати имаат лоша репутација. Повеќето го јадат во форма на помфрит или чипс, па многумина го сметаат за нездрава храна. Но, не мора да биде така.

Консумирањето на еден компир со средна големина на ден може да биде дел од здрава диета и не го зголемува кардиометаболичниот ризик, односно веројатноста за појава на дијабетес, срцеви заболувања или мозочен удар.

Сепак, ова правило се применува само ако компирите се варат или се печат во рерната и се готват без додавање премногу сол или заситени масти, според студијата на нутриционистите од државниот универзитет во Пенсилванија.

Консумирањето на вакви компири, исто така, доведува до поголем внес на калиум и растителни влакна во споредба со јадењето рафинирани житарки, како што се бел ориз, бел леб или тестенини, велат истражувачите.

Поточно, тие го проучувале ефектот на јадење компири секој ден во споредба со јадењето на истиот број калории преку преработените житни култури, а резултатите од оваа студија беа објавени минатиот месец во британскиот магазин Nutrition.

Ние не сакаме луѓето да не се осмелат да јадат компири, но сакаме да бидеме сигурни дека тие ги јадат во здрава и контролирана големина на порција“, рече Емили Џонстон, ко-автор на студијата и студент на одделот за наука за храна на Пен Стејт.

Прочитајте и: Оваа храна не треба да ја јадете после 16 часот

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.