Режим на ирските лекари: Ќе губите по 500 грама неделно без мака, а тежината докажано не се враќа!

Сосема логичен метод

Фото: Unsplash

Суштината на оваа диета не е само во исхраната, туку и во тоа да промените неколку важни животни навики

Диетата со спиење е еден од најлесните, но и најефикасни начини на слабеење. Ја смислиле доктори од Ирска, кои тврдат дека на овој начин доаѓа до рамномерно и стабилно губење на тежината (500 грама неделно), но и до подобрување на здравјето и превенција на бројни болести.

Докторите велат дека суштината на оваа диета не е само во тоа да ги промените навиките во исхраната, туку и генерално стилот на живот.

Научно докажано е дека прекувремената работа и недостигот на сон најмногу влијаат врз дебелеењето.

Диетата со спиење подразбира да јадете три до пет пати на ден, со тоа што последниот оброк не смее да биде подоцна од четири часа пред спиење. Заборавете на правилото „не јадете после 18 часот“. Ако си легнувате во 23 часот, слободно вечерајте во 19 часот.

Што се однесува до физичката активност, се препорачува трчање, пливање, јога, возење велосипед, вежбање на справи, танцување, шетање – која била активност во која уживате, и тоа најмалку 30 минути секој ден.

Што смеете да јадете за време на оваа диета?

Дозволени се сите крем-супи од зеленчук, пилешко и мисиркино филе, морски плодови, зеленчук, овошје, нискомасни млечни производи, растителни чаеви, природни овошни сокови и барем 2 литри вода секој ден. Сите производи што содржат кофеин треба да се исклучат (одредени чаеви, кафе, газирани пијалаци, чоколадо).

Кога треба да одите на спиење?

Во кревет мора да одите задолжително пред 23 часот и да спиете најмалку 8 часа во мрачна и оладена соба. Затворете ги завесите, исклучете ги сите уреди, за ламбите и светлата да не ви го нарушуваат сонот. Два часа пред спиење не гледајте телевизија, не користете го телефонот, ниту кој било друг уред. За тоа време, подобро е да читате книга, да одите на прошетка, да направите вежби за истегнување, да испиете шолја топло млеко и да си легнете.

Ефектот

Како што веќе наведовме, ако имате вишок килограми, ќе губите околу 500 грама секоја недела. Со текот на времето, ако го задржите овој животен стил, телесната тежина ќе се нормализира и ќе ви остане стабилна.

Губење килограми со лежење: Откријте го јапонскиот метод за слабеење кој го освојува светот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.