Губење килограми со лежење: Откријте го јапонскиот метод за слабеење кој го освојува светот

Брзо и прелесно

Јапонскиот метод за слабеење го освои Интернетот, а кога ќе прочитате што е наводно тајната, ќе ви биде јасно зошто. Имено, јапонскиот доктор Тошики Фукутсуџи дизајнираше необична вежба која вклучува лежење и крпа, за што е потребно да се издвојат само пет минути во денот. Според него, тоа може да ви помогне да изгубите центиметри од половината.

Тошики, кој е експерт за рефлексологија и масажа, изјави дека овој метод може да ги зајакне мускулните јадра, да помогне да се потисне неправилното држење на телото, да се намали болката во грбот, па дури и да се стесни половината.

Резултатите, наводно, се видливи по само 30 дена, а ако одлучите да го пробате овој метод, еве ги упатствата: Користејќи пешкир, формирајте ролер дебел од седум до десет центиметри, легнете и поставете го под долниот дел на грбот. Држете ги нозете исправени, а стапалата во ширина на рамениците. Подигнете ги рацете над главата, дланките свртени кон земјата а малите прсти нека се допираат.

Оваа позиција треба да се одржи пет минути, и откако ќе заврши времето, не се кревајте нагло, туку полека преминете на седечка положба.

Фуксутџи го опиша овој метод во својата книга, која стана една од најпродаваните наслови во Азија.

Методот циркулира на социјалните медиуми во последните неколку месеци, а многумина велат дека тоа им помогнало да ја намалат болката во грбот, додека други тврдат дека забележале како се менуваат нивните тела откако ги правеле овие вежби секој ден по пет минути.

Прочитајте и: Направила напивка за слабеење, но се случило ова: Искуството на оваа жена ќе ве изненади!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.