Окоскување на колкот: инвалидитет и операција МОЖЕТЕ ДА ИЗБЕГНЕТЕ!

Потрудете се сами да ја дијагностицирате својата болест (за да сфатите дека е време да одите на лекар)

На Институтот за натуропатија во Москва успешно се завршени испитувањата по повод неоперативните методи за лекување коксартроза – окоскување на колкот и на карлицата, кое обично се развива по 40-та година. Притоа, жените ги погодува малку почесто од мажите. Покрај редовната утринска гимнастика, руските лекари препорачуваат напивка што прави чуда за нашите зглобови, а тоа е – јаболков оцет.

ШТО Е КОКСАРТРОЗА

Тоа е дегенеративно заболување на зглобот на колкот. Во првите фази пропаѓа зглобната ’рскавица, се стеснува зглобниот простор и движењата стануваат ограничени и проследени со болка, додека во крајните фази доаѓа до оштетување на главата на бутната коска и вкочанување на зглобот.

За жал, сѐ се завршува со операција и вградување вештачки колк, што за последица има многу ограничувања и опасности. Коксартрозата може да го оштети како едниот така и двата зглоба на колкот и карлицата. Но, дури и во случај на двострано оштетување, по правило заболува едниот зглоб и дури тогаш му се „придружува“ и другиот.

Почнете со лекување што побрзо

Потрудете се сами да ја дијагностицирате својата болест (за да сфатите дека е време да одите на лекар).

Основниот симптом на окоскување на колкот е болка во ципите. Таа болка се шири по должината на ногата – по должината на предната и бочната површина на бутот. Таквите болни чувства често преминуваат и на задникот. Болката што оди од ципите и бочната површина на бутот обично стигнува само до средината на бутот или до коленото, не спуштајќи се до прстите на нозете. Во тоа се разликува болката што ја предизвикува коксартрозата од болката предизвикана од дискус-хернија или други проблеми со ’рбетот.

Болките се појавуваат главно при одење и обид да станете од маса или од кревет. Токму првите неколку чекори по станувањето кај болниот се особено болни и затоа, кога ќе се размрда, може да му биде малку полесно. Меѓутоа, по долго одење болното чувство повторно се зголемува. Додека седите и лежите, болките обично не се манифестираат.

Болното чувство во слабините и бутовите во раните стадиуми на коксартрозата е слабо изразено, почесто се воочува само мало куцање и мала тапа болка при одење, но болеста тивко напредува, па по критично движење или оптоварување може да дојде и до сериозни компликации.

Доколку не се почне навреме со лекување, тогаш постепено на болните чувства им се придружува ограничена подвижност на нозете, може да се јави јасно крцкање во болниот зглоб за време на движење. На заболениот може да му буде тешко да ја одвои ногата настрана, да ја привлече кон стомакот, да обуе чорапи или чевли.

Таквиот човек не може ни да седне на стол „одозгора“, туку прво мора широко да ги рашири нозете, па полека да се спушти на столот.

Не смее да се дозволи атрофија на мускулите!

Во запуштените случаи на окоскување на колкот, болната нога се скратува (кај 10% заболени, напротив, се продолжува). Разликата во должината на ногата од половина до еден сантиметар се смета за „физиолошка“, т.е. нормална, додека разликата поголема од сантиметар треба да се компензира: на пример, во обувката на пократката нога можете да ставите дополнителна влошка. Така го штитите ’рбетот и ја одржувате статиката на телото.

Поради скратување на ногата човекот заболен од коксартроза забележливо се тетерави: таа како да се наслонува на болната нога. Јасно е дека поради куцањето лумбалниот дел на ’рбетот се изложува на зголемено оптоварување и дека со текот на времето се појавуваат хронични „болки поради умор“ во крстот.

Доаѓа до атрофија на мускулот на бутот: мускулите на болната нога како да се сушат над коленото и да се смалуваат во обем, што предизвикува болки во пределот на коленото. Едното го повлекува другото, како верижна реакција.

Најинтересно е што таквите чувства на болка во пределот на колената може да бидат посилни отколку во ципите и во колкот, а сето тоа всушност тргнало од колкот.

Како последица на тоа, на заболените често им се одредува погрешна дијагноза – артроза на колениот зглоб – па не се спроведува соодветно лекување.

Јаболковиот оцет успешно го лекува окоскувањето

Хроничните болести не е можно да се излечат со методите на официјалната медицина. Затоа на сите што се сомневаат на коксартроза им советувам алтернативни методи на лекување. На Институтот за натуропатија во Москва се испробани неколку методи. Една од нив се физички вежби, а друга е орална употреба на напивка од јаболков оцет со мед.

За да го направите, потребно е во чаша топла вода да измешате две лажичиња јаболков оцет со две лажичиња мед. Ваквата напивка прави чуда!

Спречува главоболка, отстранува висок крвен притисок, го зајакнува срцевиот мускул, го снижува нивото на холестерол во крвта, помага за намалување на тежината, лекува артиритис и многу други болести. Доаѓа до самоизлекување на организмот, кое не бара никакви хемиски лекови. Тоа е и одличен вид на превенција од окоскување на зглобовите.

Колку луѓе страдаат од артритис? Навистина многу! Не им помагаат ниту ибупрофени ниту други таблети од таков тип. Факт е дека доколку не измешаат две туку десет лажичиња јаболков оцет, тогаш утредента куцањето ќе се намали за 20%, четвртиот ден за 50%, а пред крајот на месецот за 75%. На крајот зглобовите стануваат подвижни, а на многу луѓе стапот веќе не им е потребен.

Сепак, овде нема да поминете без дополнителни мери, во смисла на комплексна грижа за здравјето. А ако ве збунува високата концентрација јаболков оцет – почнете од пет лажичиња, како што почна авторот на овие редови, а потоа ќе дојдете и до десет.

Инаку, ова е совет на академикот В.П. Царев, кој се занимавал со народна медицина. Тој препорачува напивката да се зема за време на јадење ако ви е така полесно поради киселиот вкус.

Генерално, треба да се пие еден месец, по два-три пати дневно, најдобро 30–40 минути пред јадење. Потоа следува пауза од десет дена, па се повторува третманот. По правило, вака се лекува коксартроза што не е запуштена. Споменатиот метод е тестиран на Институтот за натуропатија и покажал висока ефикасност. Нашите стручњаци советуваат во превентивна цел да го практикувате еднаш-двапати годишно.

Ништо без гимнастика

Бидејќи основната причина на болеста е во „извалканоста“ на организмот со токсини и наслаги и во недоволната физичка активност, како дополнителни мери би требало да воведете лековита гимнастика, да преминете на диететска исхрана, да ги исфрлите од употреба тврдите и мрсни сирења, да ги оставите цигарите, а исто така и повремено да го чистите организмот (вклучувајќи ги и зглобовите) од наслаги и отрови.

Во овој случај исто така е корисно и повремено да се гладува или да се пости.

Текст: проф. Валентин Дубин, главен научен соработник на Институтот за натуропатија

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.