Најраните симптоми што укажуваат на крвно згрутчување: Воопшто не смеете да ги игнорирате овие промени на телото!

Обрнете внимание

Ова се сигналите што се појавуваат кога во телото се формира тромб

Крвните згрутчувања или тромбот, може да бидат исклучително опасни по живот. Од крвните патишта се шират низ целото тело и може да ги нападнат срцето, мозокот и другите органи и да доведат до фатални последици.

Кога крвно згрутчување ќе ги затне артериите, мозокот, срцето и белите дробови не добиваат кислород, и како последица на тоа доаѓа до срцев или мозочен удар.

Иако во повеќето случаи може да се спречи, тромбот претставува сериозен проблем што убива стотици илјади возрасни луѓе секоја година.

Овие симптоми се знак дека време е да одите на лекар:

Кога се формира тромб во рацете и нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Тоа е опасно, бидејќи тромбот може да патува од срцето до белите дробови. До длабока венска тромбоза може да дојде ако долго време не сте се движеле.

Обрнете внимание на овие симптоми:

  • Отекување: Ова може да се случи на истото место каде што се развило згрутчување или на целата нога или рака.
  • Промена на бојата: Забележувате дека рацете или нозете имаат црвена или сина боја.
  • Болка: Како што се влошува состојбата, така ќе чувствувате повеќе болка. Чувството може да се движи од тапа болка до интензивна.
  • Тешко дишете: Ако се случи ова, тоа може да значи дека тромбот се преместил од рацете или нозете до белите дробови. Може да дојде и до силна кашлица или крв при кашлањето.
  • Грчеви во долниот дел на нозете: Ова чувство се јавува доколку има згрутчување во ногата.
Кога тромбот се наоѓа во близина на срцето, се појавуваат следниве симптоми:
  • Силна болка во рацете и во градите
  • Потење
  • Проблеми со дишењето
  • Проблеми со дишењето и потење се појавуваат кога тромбот ќе се најде во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.
  • Силна болка во белите дробови
  • Кашлица
  • Вртоглавица

За жал, тромбот може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар.

Внимавајте на овие симптоми:
  • Тешкотии со видот и говорот.
  • Општа слабост.
Првите знаци дека во телото ви се формирал тромб: Ова никако не смеете да го занемарите, последиците можат да бидат фатални!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.