Болките во грбот воопшто не се наивни: Еве во кои случаи укажуваат на сериозни здравствени проблеми!

Обрнете внимание

Вака телото сигнализира дека нешто не е во ред со здравјето

Болката во грбот често прикрива многу посериозни здравствени проблеми. Лесно е да се помешаат проблемите со бубрезите, мочниот меур и жолчката со болки во грбот, особено кај жените.

Не смеете да ги игнорирате овие болки:

Бубрежно камче

Постојаната болка во еден дел од грбот, ако се појавува заедно со болка во стомакот или препоните, при мокрење или проследена со крв во урината, може да биде знак за бубрежно камче.

Тоа настанува поради насобирање калциум и фосфор, а најчесто е последица на пиење премалку вода и внесување преголема количина на протеини. Исто така, голема улога игра и генетиката, па некои луѓе се поподложни на бубрежен камен од други. Бубрежното камче е почесто кај мажите одошто кај жените и најчесто излегува по природен пат, но ако е поголемо, треба да се разбие со ласер.

Воспаление на бубрезите

Ако болката во грбот е придружена со покачена телесна температура, таквата состојба може да укажува на воспаление на бубрезите. Таа болка најчесто се појавува во долниот дел на грбот, над карлицата и може да се прошири на препоните. Шест пати е почеста кај жените одошто кај мажите.

Воспаление на панкреасот

При воспаление на панкреасот, освен болка во долниот дел на стомакот, повраќање и мачнина, се појавува и болка во грбот. Таа болка може да биде ненадејна и да се шири од стомакот кон грбот, а најчесто е последица на акутно или хронично воспаление. До воспаление доаѓа поради претерано консумирање алкохол или поради застој на жолчката. Најчесто ги погодува постарите луѓе, и оние во средни години.

Жолчно камче

Иако не наведува на жолчката, болката во грбот заедно со болки во стомакот и рацете, мачнина и болка при дишењето, е симптом на жолчно камче или воспаление на жолчката. Жолчното камче настанува кога во црниот дроб се создава премногу холестерол или телото побавно го обработува, што го нарушува односот на жолчна киселина и жолчка. За тоа придонесуваат и воспалителните процеси и инфекции на жолчното кесе, застојот на жолчката и промените на pH-вредноста. Со ова најмногу проблеми имаат жените со вишок килограми по 40-тата година, а голема улога игра и генетиката.

Инфекција на мочниот систем

Инфекции на мочните патишта најчесто предизвикуваат бактериите, а може да бидат последици и на иритација од дијафрагма, тампон или претесна облека. Се манифестираат како болка при мокрењето, болка во долниот дел на грбот и во стомакот. Најчесто ги погодува жените, а се лекува со антибиотици, но ако не се излечи, може да доведе до воспаление на бубрезите.

Болки во долниот дел на грбот и замор во колковите може да бидат алармантни знаци на слабост
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.