Првите знаци дека во телото ви се формирал тромб: Ова никако не смеете да го занемарите, последиците можат да бидат фатални!

Слушајте што ви порачува телото

Овие симптоми се знак дека време е да одите на лекар

Крвните згрутчувања или тромбовите, можат да бидат исклучително опасни по живот, од крвните садови се шират по целото тело и можат да го нападнат срцето, мозокот и другите органи и да доведат до фатални последици.

Кога тромбовите ги затнуваат артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и како последица на тоа, доаѓа до срцев или мозочен удар.

Иако во повеќето случаи може да се спречи, тромбот претставува сериозен проблем по здравјето што убива стотици илјади возрасни луѓе секоја година.

Овие симптоми се знак дека време е да одите на лекар:

Кога ќе се формира тромб во рацете и нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Тоа е опасно, бидејќи може да отпатува од срцето до белите дробови. До длабока венска тромбоза може да дојде ако долго време не сте се движеле.

Овие симптоми се алармантни:
  • Отекување: ова може да се случи на истото место каде што се развил тромбот или на целата нога или рака.
  • Промена на бојата: можете да забележите дека рацете или нозете ви се со црвена или сина боја.
  • Болка: како што се влошува состојбата, така ќе чувствувате поголема болка. Чувството може да варира од тапа болка до интензивна.
  • Тешко дишете: ако се случи ова, тоа може да значи дека тромбот се преместил од рацете или нозете до белите дробови. Може да се јави и силна кашлица или крв при кашлањето.
  • Грчеви во долниот дел од нозете: ова чувство се јавува доколку тромбот е во ногата.

Кога крвното згрутчување ќе се најде во близина на срцето, се јавуваат следниве симптоми:

  • Силна болка во рацете и во градите
  • Потење
  • Тешкотии со дишењето
  • Тешкотии со дишењето и потење се јавуваат кога тромбот ќе се најде во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.
  • Силна болка во белите дробови
  • Кашлица
  • Вртоглавица

За жал, крвното згрутчување може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми:

  • Тешкотии со видот и говорот
  • Слабост
Намирници што помагаат во разредувањето на крвта и спречувањето појава на тромб: Ако имате проблеми со срцето, ова е спасот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.