На овој начин можете да го подобрите здравјето на срцето

Корисни совети

Спречувањето на многу здравствени проблеми започнува со силно срце, за среќа има многу начини да го зајакнете и поправите здравјето на срцето, без оглед дали имате 35 или 75 години.

Јадете правилно

Ова секако не е изненадување, но храната богата со хранливи материи е клучот за добро здравје на срцето. „Јадете свежа храна која има многу хранливи материи, јадете помалку слатка и солена храна и намалете ги маснотиите“, изјави професорката Шерил Андерсон. Здружението ги потсетува жените да го ограничат дневниот внес на шеќер на шест лажички, а за мажите се препорачуваат девет лажички или помалку.

„Ставете повеќе боја на вашата чинија или повеќе овошје и зеленчук“, советува Андерсон. Храната во боја е полна со антиоксиданти и витамини кои природно го зголемуваат здравјето. Додадете повеќе зелен лиснат зеленчук. „Заменете го чипсот со моркови или овошје, додадете повеќе зеленчук како пиперки, тикви или тиквички во супата“, вели таа.

Прочитајте и: Домашен тренинг: Вежби за затегнување и обликување на телото

Бидете активни

Американското здружение за срце препорачува да се постави цел од најмалку 150 минути физичка активност неделно. „Останете активни во текот на денот и ставете потсетник на вашиот телефон и движете се секој час. Најдете опции за да бидете активни во текот на денот – прошетајте додека разговарате или користите скали наместо лифт “, вели Андерсон.

Контролирајте го стресот

Иако се потребни повеќе истражувања за да се открие колку стресот придонесува за срцеви заболувања, Американското здружение за срце препорачува управување со стресот за оптимално здравје. „Пронајдете можности во текот на денот да земете длабок здив, да медитирате или да слушате музика“, додава Андерсон. Излегувањето и релаксирањето во природа е исто така одличен начин за управување со стресот.

Стресот предизвикан од изолацијата и коронавирусот најдобро се лечи со ова хоби: Експертите потврдиле!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.