Kучињата и мачките не треба да се дезинфицираат со алкохол- Еве што да направите

Ветеринари предупредуваат

Француското здружение на ветеринари денеска предупреди дека домашните миленици, особено кучињата и мачките не треба да се дезинфицираат со средства на база на алкохол, бидејќи може да бидат штетни за нив, и оти е доволно шепите да им се измијат со вода и сапун.

Во епидемијата, многу сопственици на животни самостојно преземале некои опасни иницијативи, велат ветеринарите, додавајќи дека кучињата со денови се објавуваат на социјалните медиуми со повреди на шепа од миење со детергент, алкохол, па дури и – варакина.

Ветеринарите повторија дека сапунот и шампонот се доволни, додека алкохолот и другите средства за дезинфекција се опасни за животни кои се лижат и со тоа внесуваат хемикалии во организмот.

Тие додадоа дека животните исто така треба да се држат на одредено растојание, да ги мијат рацете почесто по мазење миленичиња и да избегнуваат близок контакт – лижење на рацете или душкање на лицето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.