Стресот предизвикан од изолацијата и коронавирусот најдобро се лечи со ова хоби: Експертите потврдиле!

Вистинското решение!

Фото: Getty Images

Дали и вие вака го поминувате времето во изолација?

Кога луѓето се чувствуваат анксиозно, бараат да направат нешто, да си го одвлечат вниманието од проблемите.

Доктор Мари Касил, клинички психолог што работи со луѓе кои имаат стрес предизвикан од катастрофи, вели дека токму готвењето ја поттикнува креативноста кај луѓето, додека мирисите го подобруваат расположението.

„Мирисите како ванила се утешителни и не’ потсетуваат на среќни времиња. Мирисите се посебно поврзани со деловите од мозокот што ги вклучуваат емоциите и спомените“, тврди таа.

Во тоа лежи магијата!

„Мешањето состојки, гледањето како нешто се готви или пече, а потоа консумирањето на тоа што сте го направиле е нешто што не’ прави среќни сите нас“, вели докторката.

Оваа докторка смета дека готвењето толку добро го канализира стресот од причина што има одредена рутина која смирува.

Многу психолози веруваат дека тоа е еден од најдобрите начини за борба против анксиозноста и депресијата. Кога месите, готвите, ви размислувате само за тоа: за мерките, начинот на кој ќе го направите јадењето, така што, комплетно сте растоварени од сите други проблеми.

Друга причина зошто готвењето е добро е тоа што на крај пред себе ќе имате резултат од вашиот труд. Многумина од нас кои работат во администрација, пред компјутер и слично, немаат чувство дека создале нешто. Вака гледате како она на коешто сте работеле се создава тука, пред вашите очи. Ништо не може да го замени тоа задоволство.

Дали и вие имате хоби за време на изолацијата? Што најмногу ве мотивира и развеселува во овие денови на пандемија на коронавирус?

Додека сме дома: Еве што се’ можете да правите, а да не ви биде здодевно ни минута!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.