Добри се за здравјето и за линијата: Во овие грицки можете да уживате колку сакате, без да се здебелите ни грам!

Здрави грицки!

Како последица на стресот, деновиве се’ повеќе јадеме, а за да не ви влијае тоа на линијата, држете се до овој список на грицки што содржат помалку од 100 калории

Поради периодот што го минуваме во затворен простор, ни се јавуваат и напади на глад и посегнуваме по храна и тогаш кога ни е здодевно.

Добрата вест е тоа што ако сакате да имате добра фигура, не мора целосно да се откажете од ужинките што ви причинуваат толкаво задоволство. Поентата е паметно да одбирате и да ги замените калоричните грицки со поздрави.

Советите на нутриционистката Тери Ен Нунс добро ќе ви дојдат во овој период. Таа верува дека губењето килограми е возможно ако одберете нискокалорична храна што ќе ја јадете меѓу оброците.

Овие намирници ќе ги го зголемат нивото на енергија, поволно влијаат врз работата на мозокот, го подобруваат расположението, а содржат околу 100 калории:

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи околу 80 калории. Се состои од 90% вода и затоа е одличен за хидратација. Експертите препорачуваат да го јадете грејпот во утринските часови за да ја спречите потребата од нездрави грицки во попладневните часови. Многу добар извор е на витаминот Ц, кој е клучен за производството на колаген.

Чаша јогурт

Пробиотик кој ќе ви ја одржи витата линија и позитивно ќе влијае врз дигестивниот тракт.

Помала кесичка пуканки

Според нутриционистите, пуканките се најздрави грицки. Можете да ги јадете додека гледате филм, без да се плашите дека ќе се здебелите, но внимавајте да ги приготвите со помалку масло.

Едно јаболко

Јаболкото е на врвот на листата помеѓу овошјата благодарение на своите позитивни својства.

Варено јајце

Едно варено јајце содржи само 70 калории. Јајцата се многу добар извор на витамини Б комплекс, витамин Д и колин. Истражувањата покажале дека колинот го подобрува помнењето и концентрацијата. Содржи здрави масти и протеини поради што ќе ве држи подолго време сити.

Темно чоколадо

Ако ви се јаде благо, изедете малку темно чоколадо што содржи најмалку 70% какао. Темното чоколадо е одличен извор на антиоксиданси и незаситени масти кои го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат помнењето, го регулираат нивото на крвниот притисок и холестерол.

И овие грицки содржат околу 100 калории:

  • Чоколадо со житарки
  • Две парчиња мисиркино месо
  • Пет гумени бонбони
  • Две парчиња леб со хумус
  • 20 гр темно чоколадо
  • Два интегрални кекса

Стресот предизвикан од изолацијата и коронавирусот најдобро се лечи со ова хоби: Експертите потврдиле!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.