Трамп има јасен став за животот на Хари и Меган во Лос Анџелес: „Сами нека си го плаќаат својот луксуз!“

Немаат никакви протекции

Се преселија во екот на светска пандемија, а многумина веруваат дека постои само една причина за тоа – пари

Принц Хари и Меган Маркл ќе го продолжат својот живот во Лос Анџелес.

Странските медиуми пишуваат дека парот веќе се преселил во Холивуд, во екот на светска пандемија на коронавирус, а многумина се запрашале дали причината за напуштање на Канада е тоа што оваа држава одбила да им го плаќа обезбедувањето, па тие се надевале дека во Калифорнија ќе поминат подобро.

Во врска со ова прашање, претседателот на САД Доналд Трамп има јасен став:

„Америка нема да им плаќа никакви трошоци, туку сами ќе се издржуваат и ќе си ги плаќаат сите даноци, како и сите останати.“

Инаку, канадските власти неодамна соопштиле дека посебната заштита за поранешниот кралски пар ќе биде покривана до крајот на март, кога и „истекуваат“ нивните кралски титули, а потоа своите трошоци ќе си ги покриваат сами, па се верува дека токму затоа Меган и Хари одлучиле да ја напуштат Канада токму сега.

Претставничката за јавност на парот се обидела да ги оправда:

„Војводата и војвотката од Сасекс не планираат да бараат заштита од американската влада. Веќе е направен аранжман за приватно финансирана заштита“, рекла таа.

Лицемерието на Меган Маркл доби нова димензија: Еве што направила среде светска пандемија, а што му забранила на сопругот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.