Вежби со крпа за болен и вкочанет врат: Наједноставниот начин да се ослободите од напнатоста во мускулите! (ВИДЕО)

Ефикасно ги отстранува болките

Некогаш наједноставните решенија се и најефикасни

Неправилното држење и седење, носењето тешки чанти, сето тоа се причинители на болка во пределот на вратот и рамената, кој често станува хроничен проблем. Сите што некогаш се сретнале со ваква болка знаат колку многу им влијае врз нормалното функционирање во текот на денот.

Добрата вест е што физијатрите имаат ефикасно решение за овој проблем. Со овие вежби брзо ќе заборавите на болките, а се’ што ви треба за нивно изведување е еден пешкир.

Овие вежби не само што ќе ви ја отстранат болката, туку и ќе го спречат нејзиното идно појавување. Со овие 3 потега ќе се ослободите од тензијата што ви се насобрала во вратот и во рамената.

Прва вежба

Поставете го пешкирот околу вратот и нежно потпрете ја главата. Држете ги раце краевите на пешкирот и повлечете ги нагоре, па задржете ги во таа положба и потоа вратете се во почетната положба. Повторете го овој потег 5 пати со задржување од 15 секунди.

Штом почнете да ја правите оваа вежба, ќе почувствувате олеснување во вратот.

Втора вежба

И оваа вежба се изведува на сличен начин, со тоа што главата ќе ја поместувате прво во лево, а потоа на десната страна со помош на пешкирот. Вака дополнително ќе ги истегнете мускулите.

Трета вежба

Поставете го пешкирот околу вратот и поместувајте ја главата горе-доле. На овој начин ќе направите блага масажа и ќе го зголемите протокот на крвта.

По една недела изведување на овие вежби, мускулите ќе почнат да заземаат нова положба и полека да се опуштаат, а со самото тоа, ќе исчезне и болката, велат физијатрите.

Во видеото погледнете како се изведуваат овие вежби…

Лекарите се едногласни: Имунитетот најдобро се зајакнува со внесување на овие 3 витамини!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.