Лицемерието на Меган Маркл доби нова димензија: Еве што направила среде светска пандемија, а што му забранила на сопругот!

Тера по свое, што и да се случува

Селидба среде светски хаос

Пред неколку дена, принц Хари и Меган Маркл даваа совети за спречување на заразата и ширењето на коронавирус, кои подразбирале домашна изолација и одложување на сите патувања, а сега направија нешто сосема контрадикторно на сопствените совети – со приватен лет отпатувале во Лос Анџелес, каде што и се преселиле.

Преставникот за јавност на принц Хари одбил да ја коментира оваа вест, но медиумите наведуваат дека кралскиот пар бил виден во Холивуд.

Анонимен извор од кралската палата рекол дека тие веќе се вселиле во вила во Лос Анџелес и дека оттогаш не излегуваат од дома, поради мерките што ги вовела Калифорнија за борба против актуелната пандемија.

И додека најслободно отпатувале во Лос Анџелес поради селидбата, Меган истовремено му забранила на Хари да отпатува во Лондон за принцот Чарлс, кој е позитивно тестиран на коронавирус.

На принц Хари му е многу тешко што на далечина од неколку илјади километри ги чека телефонските повици и вести за татко му, а и во самата кралска палата завладеал страв, бидејќи има многу членови кои според годините спаѓаат во ризичната група за заболување.

„Принц Хари се чувствува беспомошно додека вестите за здравствената состојба на својот татко ги слуша оддалеку. Би сакал да може повеќе да му помогне, но Меган јасно му даде до знаење дека не сака никаде да патува во овој момент и дека треба да мисли на здравјето на своето тричлено семејство“, изјавиле извори блиски на парот за странските медиуми.

Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.