Додека сме дома: Еве што се’ можете да правите, а да не ви биде здодевно ни минута!

Изолација за мозочна преокупација

Не дозволувајте да западнете во меланхолија

Поради состојбата со коронавирусот во нашата земја, повеќето луѓе се принудени да седат дома цел ден. Ако имате таква среќа и можете да работите од дома, бидете одговорни и редовно исполнувајте ги вашите работни задачи. Редот и дисциплината се единственото нешто што може да не спаси за да не се изгубиме целосно во овие нестандардни услови на живеење.

Меѓутоа, кога ќе заврши работното време, редно е да се посветите себеси. Многу е важно да најдете занимација што ќе ви ги одвлече мислите од коронавирусот и пандемиите.

Најлошото нешто што можете да го направите е постојано да ги проверувате најновите вести за заразени лица, нервозно да ги прелистувате новостите на социјалните мрежи и да разговарате за вирусот со домашните.

За да ги тргнете мислите од ситуацијата, ви го предлагаме следново…

  • Најдете хоби што ви одговара: плетење, везење, шиење, изработување украси (се ближи Велигден, па направете украсни корпички, држачи за салвети и слично).
  • Читајте книги – веројатно имате неколку книги дома што досега не сте успеале да ги прочитате. Сега е време!
  • Играјте друштвени игри: карти, на буквата на буквата, брза географија, не лути се, човече, јамб, шах и слично.
  • Преуредете ја гардеробата, одвојте ги работите што не ви требаат. Кога ќе ви се укаже можност, подарете им ги тие работи на оние на кои им се неопходни.
  • Темелно исчистете го станот – пролетното чистење е добра можност да ги уништите сите вируси во станот.
  • Пресадете го собното цвеќе.
  • Најдете ги старите дискови со фотографии, прегледајте ги и потсетете се на старите добри времиња.
  • Изгледајте некои филмови што сте заборавиле дека ги имате на компјутер или на ДВД.
Прошетка низ музеи

Можеби звучи бизарно, но за да ги прошетате светските музеи, се’ што ви треба е добар Интернет и компјутер.

Програмот „Google Art Project“ им овозможува на корисниците на Интернет виртуелно да ги посетат музеите и да одберат уметничко дело што сакаат да го истражат.

Меѓу музеите што учествуваат во тој проект се Националната галерија и Тејт Британ во Лондон, музејот Метрополитен, Музејот на модерна уметност (МоМА), колекцијата Фрицк во Њујорк, Музејот на кралицата Софија во Мадрид, Ријкмузеум и музејот на Ван Гог во Амстердам, Ермитаж во Санкт Петербург, Третјаковска галерија во Москва, Музејот Кампа во Прага, Алте национална галерија во Берлин, Версај…

Доколку сакате сами да истражувате, само треба да го посетите веб-сајтот Google art project и да ги најдете работите што ве интересираат.

За оние што живеат во куќа

На оние што живеат во куќа и имаат двор, нема многу тешко да им падне изолацијата. Пролетта практично пристигна, па сите што сакаат да ги средат своите дворови, можат да го направат тоа сега.

Наша препорака е да се позанимавате и со нов проект, како што е садењето мини градина, во која ќе насадите кромид, лук, магдонос, домати и пиперки.

Садењето цвеќиња секогаш е добра активност што причинува големо задоволство.

Бидете одговорни и останете дома! Дружењето со соседите и пријателите оставете го за некои помирни времиња.

Напомена: Не заборавајте на граѓанската солидарност – помогнете им на постарите сограѓани, одете до продавница или аптека наместо нив. Оставете им ги купените намирници пред врата. Да бидеме човечни!

И не заборавајте да купувате рационално! Ова е листата на единствените работи што навистина ви требаат во случај на карантин!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.