Лек стар 5.000 години: Ги снижува холестеролот и шеќерот, го зајакнува имунитетот и помага за слабеење!

Намалува бројни воспаленија

Комбинацијата од мед и цимет во традиционалната кинеска и Ајурведа медицина се користи како дел од третманите за лекување

Медот и циметот имаат единствени лековити својства и како лек се користат повеќе од 5.000 години. Циметот е еден од најстарите зачини, медот отсекогаш бил популарен, па затоа ова е идеалниот домашен лек кој може да се користи за подобрување на здравјето.

Есенцијалните масла на циметот и ензимите на медот произведуваат хидроген пероксид и се карактеризираат со својства за борба против микроорганизми. Го сопираат развојот на бактерии и габички и го штитат организмот од вируси.

И двата производа не се користат само како лек во медицината, туку и како хранливи состојки кои на исхраната ѝ даваат специфична ароматична нота. Се користат и како алтернатива за прехранбени конзерванси, бидејќи благодарение на своите ефикасни антимикробни својства, ги штитат намирниците од скапување.

Циметот е зачин кој потекнува од истокот. Најмногу се одгледува во Кина, Индија, Индонезија и на Шри Ланка. Во минатото имало многу малку цимет во европските земји, бил скап и ексклузивен зачин, додека денес е достапен насекаде и тоа по ниски цени. Кај нас се користи како прав или како кора од дрво.

Постои и цејлонски цимет и касија цимет, кој е по потекло од Бурма. Цејлонскиот цимет се продава во форма на стапче и има понежна и попикантна арома. Касија циметот има поостар вкус и е во мелена форма. Карактеристичен е по тоа што пецка на јазикот, па се употребува во егзотични јадења и сосови.

Циметот го забрзува согорувањето на мастите, го подобрува визуелното помнење, го намалува нивото на шеќер во крвта и го снижува нивото на масти како борец против холестеролот. Богат е со минерали и витамини. Одличен извор е на манган, железо, калциум, цинк, витамин Ц и рибофлавини.

Вреди да се напомене дека во медицината Ајурведа, медот е познат како „јогавахи“, што во превод значи билка која содржи исцелувачки својства за клетките и ткивата во организмот. Се верува дека медот во комбинација со друга супстанција (на пример билка или зачин) го зголемува својот квалитет, па подлабоко продира во организмот. И медот и циметот поединечно претставуваат природен лек за многу болести, а заедно сочинуваат формула за зачувување на здравјето.

Употреба:
  • Комбинацијата на мед и цимет се користи против артритис. Се нанесува како паста на заболениот дел од телото и полека се трие или масира. Исто така, дневното испивање чај со мед и цимет помага да се ублажи болката и вкочанетоста во зглобовите.
  • Во форма на топла паста што се прави од лажица мед, лажиче цимет и маслиново масло, се користи во борбата против опаѓање на косата. Се препорачува пастата да се нанесува пред бањање и да се држи 15 минути пред измивање, за поефикасно дејство.
  • Измешајте лажиче цимет во прав и половина лажиче мед и растворете ги во чаша млака вода, а потоа испијте ја, за да ги уништите бактериите во уринарниот систем и да спречите појава на инфекции. Медот и циметот се одличен народен лек против болести на бубрезите, камен во жолчката и во мочниот меур.
  • Пастата од цимет и мед се бори и против забоболка. Се нанесува на забот и ги ублажува болните симптоми. Измивајте го грлото со мед и цимет измешани во топла вода за вашиот здив да остане свеж во текот на целиот ден.
  • Зелениот чај со мед и цимет е добар за борба против холестерол.
  • Чаша млака вода со мед и со малку цимет го зајакнува имунолошкиот систем и ги ублажува синусите за време на настинка.
  • Лажица мед посипана со цимет се зема пред јадење за да се ублажи киселината и да се спречи лошото варење.
  • Смесата од мед, цимет во прав и млака вода ги намалува болките од убод од инсект во рок од неколку минути.
  • За да ја намалите тежината, пијте мешавина од лажиче мед и половина лажиче цимет во варено вино. Консумирајте ја течноста секое утро на празен стомак, половина час пред појадок.
  • Пастата од мед и цимет во прав се користи и во козметиката, бидејќи го чисти лицето и ги лекува акните.
  • Редовното консумирање чај со мед и со малку цимет ќе ви го зајакне имунолошкиот систем, ќе го заштити телото во вирусни и бактериски напади и ќе ви ја продолжи виталноста.
Цимет – зачин кој ќе ви помогне да ги изгубите килограмите без да држите диета
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.