Кромид печен во фолија: Не сте пробале повкусно нешто досега!

Пробајте!

Вкусот на вака приготвениот кромид ќе ве остави без зборови

Состојки:
  • 4 главици кромид
  • 1 лажиче сол
  • 4 супени лажици маслиново масло
  • 4 прстофати оригано
  • 4 прстофати лук во прав
  • 4 прстофати бибер
  • неколку ливчиња рузмарин
Приготвување:

Излупете ги главиците кромид од надворешните лушпи, внатрешните оставете ги. Измијте ги со ладна вода и секоја главица ставете ја на парче алуминиумска фолија.

Секоја главица исечете ја на четири дела, немојте да одите до крај. Потоа, направете уште неколку засечоци.

Секоја главица кромид прелејте ја со супена лажица маслиново масло и посипете сол, бибер, лук во прав и прстофат оригано.

Во секоја главица ставете и неколку ливчиња рузмарин.

Алуминиумската фолија завиткајте ја во пакетче и така спакуваниот кромид ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 30 минути.

Послужете го како прилог за главно јадење со месо или риба.

Добар апетит!

Печениот кромид буквално може да ви го спаси животот: Најуспешно се применува кај овие болести!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.