Печениот кромид буквално може да ви го спаси животот: Најуспешно се применува кај овие болести!

Стар народен лек

Се користи за лечење апсцес и хемороиди, но одличен е и за дијабетичари и за пациенти со висок крвен притисок

Се открило дека печениот кромид е покорисен од свежиот. Но знаете ли зошто? Тој има силен антибактериски ефект, лекува рани, го нормализира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, го губи остриот мирис и има пријатен вкус!

Печениот кромид ќе ви помогне да се изборите со чировите и долготрајните рани. Треба само да го испечете кромидот директно во неговата лушпа и да го ставите на раната додека не се ублажи.

Користете го печениот кромид и за лекување апсцеси. Топлиот кромид ставете го на проблематичното место 20 минути на ден како облога и наскоро апсцесот ќе исчезне.

Благодарение на печениот кромид од рерна, можете да ги излечите и хемороидите. Облогите со кромид имаат дезинфекциски својства и му помагаат на ткивото побрзо да се регенерира.

Консумирањето печен кромид им се препорачува на сите што имаат проблеми со коагулација на крвта. По срцев удар или инфаркт, консумирањето на ваквиот кромид секојдневно се препорачува.

Многу е важно луѓето што страдаат од дијабетес или имаат предиспозиции за тоа, да го воведат кромидот приготвен на овој начин во своето мени. Додајте го во главното јадење или спроведете еднонеделна диета со печен кромид наутро на празен стомак и ќе го видите ефектот.

Сето тоа се должи на составот на овој зеленчук – сулфурот и железото во печениот кромид помагаат за нормализација на нивоата на шеќер во крвта и ги одржуваат правилните функции на панкреасот и црниот дроб.

При употребата на печениот кромид се подобрува и состојбата на болните од хипертонија и атеросклероза. Овој кромид помага во прочистувањето на крвните садови, ги олеснува атеросклеротичните плаки и го спречува ненадејниот скок на крвниот притисок.

Откако ќе се испече кромидот во рерна, исчезнуваат само етеричните масла што му даваат вкус во свежа состојба, но придобивките остануваат.

Одберете средна главица кромид за печење – тој содржи најголема количина на корисни микроелементи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.