Цимет – зачин кој ќе ви помогне да ги изгубите килограмите без да држите диета

Може многу да ви помогне

Најчесто се користи како додаток кај слатките, но тој не само што ѝ дава одличен вкус на храната, туку во традиционалната медицина се користи и кај личностите кои имаат проблем со вишок килограми.

Кога конзумираат само половина лажичка цимет во текот на денот, дијабетичарите можат во голема мера да го намалат нивото на шеќерот во крвта. Неговите компоненти на катехинскиот и епикатехинскиот комплекс го активираат инсулинот и со него заедно дејствуваат. Експериментално е докажано дека циметот го намалува и нивото на мастите и лошиот холестерол, има фунгицидно дејство, што значи дека ги уништува  габите и го спречува нивниот раст. Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк, главно оние минерали кои недостасуваат во повеќето намирници. Од витамини содржи витамин Ц, К, пиродоксин (Б6) и рибофлавин (Б2). Соединението на калциум и влакна има корисен ефект врз варењето бидејќи нивната комбинација се врзува за жолчките соли и помага при нивното излачување од телото. На тој начин штити од карцином на дебелото црево и адекватно го одржува нивото на холестерол.

 

Наутро напијте се чај во кој ќе додадете цимет

Ако сте љубител на утрински чај слободно додадете и една лажица цимет, бидејќи кога го правите тоа ќе се претвори во природен пијалак за слабеење. Уште подобро е ако во чајот додадете и мед. Циметот и медот се одлична комбинација за намалување на непосакуваните масни наслаги. Во една шолја чај најдобро е да ставите една кафена лажичка мелен цимет и две лажички мед. Доколку повеќе сакате кафе и во него може да додадете цимет. Ќе добиете ефикасен и вкусен пијалак. Најдобро е да го испиете половина час пред појадокот.

 

Прочитајте и: Чудо од природата: Чајот од цимет ги топи килограмите за рекордно време, но само ако го приготвите вака

 

На попладневната ужина додадете ѝ цимет

Во попладневните часови на циметот и медот додадете им ѓумбир. Цимет и ѓумбир се уште една добра комбинација за слабеење. Во две лажички мед додадете пола лажичка цимет и пола лажичка ѓумбир. Ова може да биде и одличен намаз за тост. Ако не јадете тост, тогаш циметот и ѓумбир додадете ги во житариците.

 

Вафли со цимет, меки како душа: Незаборавен десерт од детството!

 

Пред спиење испијте мешавина од вода, мед и цимет

Во вечерните часови се препорачува да зготвите 200 милилитри вода со еднаков дел мед и цимет, по пола лажичка. Мешавината најдобро делува на вашите масни наслаги доколку ја испиете половина час пред спиење.

 

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.