Одлично стојат на секоја форма на лице: Овие 4 фризури ќе бидат голем пролетен хит!

Трендовски

Ако сакате да бидете во тренд, време е да одите на фризер

Пролетта е вистинско време за промени, а овие трендовски фризури ќе го освежат вашиот изглед на вистински начин. Со првите сончеви зраци, на ред дојдоа и новите трендови. Изборот е толку разновиден, што секоја жена ќе најде нешто што ќе и’ се допадне.

Овие 4 фризури се наоѓаат на врвот на листата што ја одбрале стилистите за претстојната сезона. Одлично е тоа што вака стилизираната коса одлично прилега на секоја форма на лице.

Вака изгледа списокот на најактуелни фризури:

Боб фризура

https://www.instagram.com/p/B9TtWDQC_1_/?utm_source=ig_embed

На прво место се наоѓа класичниот боб, фризура со која нема грешка. Добро изгледа на девојки од 20, но и на жените во позрели години.

Бохо плетенка

https://www.instagram.com/p/B81soADJYhE/?utm_source=ig_embed

Доколку имате долга коса, оваа фризура е одлична за вас. Бохо стилот се врати и на модната сцена, па оваа плетенка одлично ќе оди со женствените фустани, здолништа и цветни дезени кои се ултрамодерни сезонава.

Пикси

https://www.instagram.com/p/B9T04vSIQw7/?utm_source=ig_embed

Храбрите фризури и стилови исто така ќе бидат актуелни сезонава. Кратката коса најдобро ќе ги нагласи цртите на лицето и она што е најубаво на него.

Високо опавче

https://www.instagram.com/p/B9MCnHcgeYF/?utm_source=ig_embed

Високо врзана коса изгледа елегантно и женствено, а одлична е за оние денови кога немате многу време за стилизирање на косата, а ви треба добра фризура. За да изгледа уште поинтересно, можете да сплетете плетенка од темето на главата.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Сакате да ги избришете годините од лицето? Оваа фризура може да ве подмлади и до 10 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.