Кога ќе ве заболат синусите… Симптоми, причинители и терапија

Синуситис е многу непријатна болест, која на оние што хронично страдаат од неа може да им го загорчи животот, бидејќи ги попречува секојдневните активности и ве прави нервозни.

Типични симптоми отечени и болни синуси, болка во главата и затнат нос или течење од носот. Понекогаш се јавуваат покачена температура, забоболка и чувство на притисок во очните дупки.

Причинители најчесто тоа е настинка, која предизвикува згуснување на мукусот и спречување на целосна дренажа на синусите. Пушење, алергии и проблеми со забите исто така можат да предизвикаат воспаление на синусите.

Терапија Пред сè, зајакнување на имунитетот со консумирање многу овошје и зеленчук, пиење доста течности, особено вода, за да се разводни мукусот, инхалација и земање некој аналгетик против болките во главата.

Употребувајте спрејови за нос или капки за отнување на дишните патишта, а ако инфекцијата не ви се повлече за една недела, или ако епизодите на синуситисот се чести, веројатно ќе ви биде потребна терапија со антибиотици што ќе ви ја пропише лекар.

Наш предлог: при настинки, кашлици, синузитис… морската вода може да се користи самостојно или во комбинација со сите лекови кои се земаат орално или локално во носот. При состојба на затнат нос, спрејот Aqua Maris Strong со хипертоничен раствор на морска вода ќе го разводни густиот секрет, ќе го намали отокот на слузницата и ќе доведе до подобрување на функцијата на носот и сето тоа по природен пат.

Мијте ги рацете, мијте го носот!

 

Текст и фото: Убавина и здравје, ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.