Победете ги кошмарите! Неколку совети за спречување на лошите сништа…

Ако сте под стрес или имате некакви реални проблеми, нормално е вашите мисли, кога ќе заспиете, да прераснат во кошмар. Затоа потрудете се да се опуштите пред спиење и да се ослободите од тешки мисли.

1 Создадете ритуал кога одите на спиење, кој ќе ве подготви за мирен сон. Во одредено време почнете да се опуштате, затемнете го светлото, истуширајте се и облечете пижами.

2 Соништата можат да бидат продолжение на нашите размислувања непосредно пред да заспиеме. Затоа избегнувајте да гледате вознемирувачки филмови или да читате тешки книги пред спиење.

3 Ако често сонувате ист сон, запишете го на хартија – точно онака како што се одвива. Потоа, повторно напишете го, но одземете му ги страшните детали. „Поминете ја“ неколку пати оваа верзија на сонот во текот на денот, како и пред спиење.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.